fbpx

Џафери: Без моја согласност не може да се повлече законот

-

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте денеска во Собранието се сретна со подносителот на спорниот закон од ДУИ, Талат Џафери, со намера да издејствува повлекување на спорниот предлог.

– Во работните групи ќе се одлучува што ќе се прави со законот, но без моја согласност не може да се повлече – изјави Џафери.

Ван Хојте исто така за подоцна најави изјава.

Од таа средба и од повлекувањето на законот, пак, зависи продолжението на денешната рунда преговори, која е одложена на неопределено време затоа што СДСМ очекува спорниот закон за објавување на „бомбите“ да биде повлечен.

Од друга страна, пак, еден од подносителите на законот, Крсте Мукоски, ни изјави дека предлогот сè уште не е повлечен.

– Законот не можам да го повлечам пред да разговарам со првиот подносител, Талат Џафери. Во разговор со него, ќе одлучиме што ќе правиме понатаму со предлог-законот – изјави Мукоски за „Мета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...