fbpx

МВР: Почна обуката на 660 кандидати за полицајци

-

Денеска во Центарот за обука на кадри на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Идризово, почна едногодишната обука на 660 кадидати за полициски службеници, селектирани по огласот за прием на 600 полицајци што беше објавен на 10 јули годинава, соопшти МВР.

На конкурсот за работно место полицаец, според МВР, биле пријавени околу 3.000 кандидати.

„Кандидатите беа избрани по завршување на неколку фази на проверки по принципот на рангирање. Беа опфатени тестирања на физичките способности на пријавените кандидати, потоа психо-образовни тестирања и здравствени проверки. Притоа, со овие кандидати е потпишан договор за основна обука за полицаец во траење од една година, почнувајќи од 7 октомври 2015 година“, се вели во соопштението од МВР.

Од министерството информираат дека „интернатската обука на кандидатите ќе се одвива во три образовни модули“ – јавен ред и мир, сообраќај и гранични работи. Секоја од обуките ќе трае четири месеци, од кои три месеци кандидатите ќе имаат теоретска, а по еден месец теренска обука.

„По завршената основна обука, договор за вработување во МВР потпишуваат 600 кандидати во согласност со ранг-листата подготвена од Центарот за обука“, велат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...