fbpx

СДСМ ќе продолжи со објавување „бомби“

-

Социјалдемократскот сојуз на Македонија (СДСМ) ќе продолжи со објавувањето прислушувани разговори, по неуспехот на  преговорите во Брисел за решавање на политичката криза, објави телевизијата „Алсат-М“, повикувајќи се на извори од партијата.

Извори од СДСМ за „Алсат-М“ рекле дека неважечки ќе бидат и другите точки вклучени во документот од 2 јуни, со кои СДСМ се обврзува да се врати во Собранието, односно обврските од точка шест од договорот, за текот на транзицискиот период.

„СДСМ ќе се врати во Собранието и ќе раководи со анкетната парламентарна комисија основана за скандалот со прислушувањето. Комисиите за откривање и за интервенција во комуникациите, исто така, ќе се раководат од СДСМ и ќе почнат со работа испитувајќи ги неуспесите во надзорот и во функционирањето на државната разузнавачка служба. Првиот извештај на овие комисии ќе биде подготвен во ноември 2015 година“, стои во документот потпишан на 2 јуни од четворицата лидери, со посредништво на европскиот комесар, Јоханес Хан, а кој во петокот го објави Демократската унија за интеграција (ДУИ).

СДСМ денеска имаше консултативна средба со партиите од опозицискиот блок, на која, според заедничкото соопштение по состанокот, на Зоран Заев му била дадена силна поддршка за позициите и за ставовите со кои „настапува во разговорите, барајќи начин за излез од длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...