Седум политичко-инфарктни дена

-

Последнава недела настаните во Македонија како да добија на честота и на тежина. За кусо време имавме толку сериозни и битни случки за кои некогаш се потребни и месеци.

Кога, пак, настаните ќе се наредат еден по друг, даваат малку поинаков поглед на нештата и отвораат низа прашања за нивната евентуална причинско-последична поврзаност.

Еве ги настаните од понеделник до понеделник:

Понеделник, 20 април

  • Поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, преку писмо до јавноста ја деактивира двегодишната самоизолација и соопштува дека е подготвен да ѝ даде поддршка и помош на опозицијата, предводена од Зоран Заев, и „ако е потребно, исто како на 24 декември, да застане во првите редови“.
  • Груевски е во Брисел на средба со високи претставници на Европската унија.

Вторник, 21 април:

  • Нападната е караулата Гошинце. МВР, за инцицентот што го оквалификува како терористички напад на државните институции, информираше на прес-конференција цели 10 часа по настанот. Како извршител беше посочена група од 40-тина вооружени напаѓачи со маскирни униформи со ознаки на УЧК.
  • Советот на министри за надворешни работи на ЕУ усвои заклучоци во кои се изразува длабока загриженост за влошената состојба во Македонија. ЕУ побара истрага за „бомбите“ што ги објавува опозицијата.
  • Јоханес Хан имаше билатерални средби со шесте премиери на земјите од Западен Балкан, освен со македонскиот премиер Никола Груевски.
  • Во домот на новинарот Борјан Јовановски, непознато лице достави погребен венец со натпис „последен поздрав“.
  • Во кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, се одржа состанок на државниот врв за настанот во Гошинце. На состанокот не присуствуваше ниту еден претставник на ДУИ. Портпаролот на интергативците во врска со  ова излезе со комнетар дека за нив „состанокот е непостоечки бидејќи Иванов е нелегитимен претседател“.

Среда, 22 април

  • „Бомба“ на СДСМ за партиски вработувања во МРТВ и за креирањето на уредувачката политика во медиумите блиски до власта.

Четврток, 23 април

  • Министерството за надворешни работи на Руската Федерација излезе со реакција за нападот во Гошинце, во која беше наведено дека „нападот врз караулата зборува за континуираните етнички тензии во регионот“.
  • Средношколскиот и студентскиот пленум излегоа на заеднички протест против лошите реформи во образованието.
  • „Бомба“ на опозицијата во Велес. Меѓу другото, објавен е и разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков за случајот „Сопот“ и за менаџирањето со правосудната постапка, од која, според двајцата соговорници, ДУИ сака да извлече политички поени.

Петок, 24 април

  • Во полициска акција во Куманово, запленет е експлозив ТНТ. Јанкулоска соопшти дека акцијата не била поврзна со инцидентот во Гошинце.

Сабота, 25 април

  • Нападот врз полицијата во македонското село Гошинце е инсцениран за да се сврти вниманието од шпионската афера во чиј центар е премиерот Никола Груевски, пишува српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на информации од безбедносни служби од земјите во регионот. „Блиц“ пишува дека Сами Укшини-Сокол и Ризе Бега(двајца водачи на криминално-терористичка банда од околината Пеќ, кои, според изворите на весникот, ја организирале акцијата и за тоа добиле пари) еден ден претходно имале средба со претставници на ДУИ, на која, наводно, ДУИ барале акцијата да не се изведе.

Недела, 26 април

  • Референдум за спас на ГТЦ
  • МВР со акција во Брест, во која е пронајдено дел од оружјето одземено во нападот на караулата Гошинце.

Понеделник, 27 април

  • Али Ахмети во посета на Приштина.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...