fbpx
Таг: Бојан Маричиќ

таг: Бојан Маричиќ

ЕУ за нови проекти во земјава одобри неповратни средства од 225,6 милиони евра

На крајот на јули 2022 година, Европската Унија ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, при што Северна Македонија аплицираше со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив, во вкупен износ од 225,6 милиони евра. Станува збор за неповратни средства - грантови, која што финансиска поддршка нема потреба да...

Маричиќ: Скринингот на ЕУ е две години, има време за уставните измени и за менување на учебниците

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција рече дека на државните институции во Македонија и Бугарија ќе им треба две години координација за обострано, врз принципот на реципроцитет, да ги имплементираат препораките на мешовитата Комисија за историски прашања. Заедничката историска комисија во понеделникот преку Министерството за надворешни работи објави заедничка декларација за чествување на средновековните ликови Цар Самуил, свети...

Шпанија е силен поддржувач на Северна Македонија

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вчера со највисоки државни почести го пречека премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој дојде во прва официјална посета на земјава, информира владината прес-служба. Ковачевски истакна дека му е задоволство што е домаќин на првата посета на шпански премиер во Македонија и дека оваа историска посета е симбол на речиси 30 години одлични билатерални...

Владина делегација положи свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача премиерот Димитар Ковачевски по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година. Свежо цвеќе денеска на споменикот на жртвите од земјотресот, положија и вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот за правда Никола Тупанчевски...

Маричиќ: Извештајот за Фундаментални вредности го очекуваме во првиот квартал од 2023 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес на прес конференција го претстави начинот како ќе се водат преговорите со Европската унија и ги објасни двете фази на скринингот што формално е почнат, а технички ќе почне да се спроведува истовремено и за нашата земја и за Албанија од септември. Тој рече дека извештај за Кластерот...

Маричиќ: Членство во ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик не смееме да пропуштиме

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција со германскиот специјален пратеник, Мануел Сарацин, изјави дека Владата од почетокот на мандатот покажала особен интерес за надминување на отворените прашања со Бугарија. „Покажавме силна посветеност и водевме искрен и отворен дијалог, што очигледно беше добар сигнал за ЕУ. Во тој процес, воден исклучиво од интересот на државата и граѓаните, горд...

Сарацин: Вратата на ЕУ е широко отворена како никогаш досега

Францускиот предлог е можност за отпочнување на преговорите со ЕУ и претставува широко отворена врата како што не била досега, рече специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Сарацин ја потврди посветеноста на Сојузната влада за проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, а ова е значаен чекор кој...

Маричиќ: Нашата цел беше да го заштитиме македонскиот јазик во рамките на ЕУ и ја исполнивме

„Нашата цел во овој процес беше да го заштитиме статусот на македонскиот јазик во рамките на Европската Унија, а не беше да ја убедиме Бугарија да го промени својот став. Целта беше да нема влијание тој став на ставот на Европската Унија“, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на вчерашниот брифинг со уредници на Националната радио телевизија. Вицепремиерот Маричиќ посочи дека е...

Ковачевски: Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки, ќе дебатираме и во парламентот

Имаме позиција за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Како и протоколот да не биде во преговарачката рамка, рече премиерот Димитар Коваевски на денешната прес конференција, по средбата со партнерите од владината коалиција на која се дискутираше за францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. „Денешниот состанок е прв од...

Маричиќ и Тренчевска маршираа на Парадата на гордоста

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, маршираа на Парадата на гордоста, која годинава се одржаа под мотото: „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда. Вицепремиерот Маричиќ вели дека неговото присуство на Парадата на гордоста е чин на солидарност и максимална поддршка на борбата за човековите права и слободи на секој еден,...

Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Заменик претседателот на Влада задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера одржаа затворен брифинг со новинарите на кој одговаа на прашања поврзани со францускиот предлог, македонскиот јазик, историската комисија, како после Самитот и други прашања поврзани со одблокирање на евроинтеграцискиот процес, по што следуваа изјави. - Нашата Влада направи сериозни напори и...

Османи чека од Франција да даде конечен предлог, три прашања се клучни дали владата ќе го прифати

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека францускиот предлог за отстранување на бугарското вето не е конечен, а Франција треба да ги види позициите на двете земји и да достави конечен предлог. „Нашиот став е кажан јавно и формално на француското претседателство, останува наредните денови дали француското претседателство ќе има конечен свој предлог во однос на прашањето. Досега...

Бојан Маричиќ: Антидемократската пропаганда не може долго да опстои, граѓаните се изморени од деструктивни наративи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервју за „Вистиномер“ зборува за ефектот на дезинформациите во контекст на руската инвазија врз Украина, како и за стратегиите што Република Северна Македонија ги презема за да се бори против нив. Според него, не е само македонското општество нападнато од дезинформациите, туку станува збор за светски феномен. Најчесто...

Маричиќ: Управувањето со органски отпад го реализираме преку ИПА проекти, а со тоа ги постигнуваме и целите на Залениот договор

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во серијалот ИПА проекти и искористувањето на европските средства, денес на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека Европската Унија дава финансиска поддршка за управување со органски отпад, бидејќи е важно прашање за заштита животната средина и е една од најсложените области во однос усогласување со регулативите на...

Вархеји на средби во Скопје, Ковачевски и Османи порачуваат сега е момент за почеток на преговорите со ЕУ

По вчерашната посета на Бугарија, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска оствари посета на Северна Македонија. Вчера од Софија ја испрати пораката дека прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ треба да се реши до јуни годинава, а денеска Вархеји се сретна со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, со заменикот на претседателот на Владата за...

Маричиќ на средба со младите дипломати од Германија: Ако работиме заедно, можеме само да победиме

„Дипломатите имаат посебна одговорност кога станува збор за зајакнување на довербата и дијалогот, како и должност да работат на воспоставување нов механизам за комуникација меѓу државите и народите, во согласност со новите глобални околности. Ако работиме заедно, не можеме да изгубиме, можеме само да победиме“, рече заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ кој вчера имаше...

Собраниска расправа за измените во Кривичниот законик за справување со насилството врз жените

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на РСМ денеска организираше јавна расправа по предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, која што има за цел меѓу другото и справување со насилството врз жените. На расправата се обрати и министерот за правда Бојан Маричиќ, којшто ја истакна важноста од усогласувањето на домашната правна рамка со...

Судовите од денеска ќе издаваат потврда за неосудуваност по електронски пат

За подигањето на потврда за неосудуваност и слични документи во хартиена форма од денеска нема да биде потребно задолжително физичко присуство во надлежниот суд според местото на раѓање. Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги претставија резултатите од процесот на системска...

Пописот завршува вечерва во 20 часот, до вчера попишани 1.813.153 лица

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека Пописот на население, домаќинства и станови 2021 завршува денеска во 20 часот. Оние што не се попишале, може да го сторат тоа во некој од пунктовите за попишување кои се отворени во општините. За подетални информации можат да се обратат во контакт центарот на следниве телефонски броеви: 070/335-406, 071/483-641, 071/483-293 и 075/402-335. Инаку, според...

Досега попишани 1.760.194 лица, ДЗС ќе каже дали требаат дополнителни денови за попишување

До вчера вечер во земјава биле попишани 1.768.710 граѓани, 548.694 домаќинства и 795.494 станови. Во однос на дијаспората, до изутринава се самопопишале 201.247 наши иселеници, информираат од Државниот завод за статистика. Владините портпароли денеска апелираа до сите оние граѓани кои од кои било причини досега не успеале да остварат контакт со попишувачите, но и до оние граѓани кои во овие...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...