fbpx

Пописот завршува вечерва во 20 часот, до вчера попишани 1.813.153 лица

-

Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека Пописот на население, домаќинства и станови 2021 завршува денеска во 20 часот. Оние што не се попишале, може да го сторат тоа во некој од пунктовите за попишување кои се отворени во општините.

За подетални информации можат да се обратат во контакт центарот на следниве телефонски броеви: 070/335-406, 071/483-641, 071/483-293 и 075/402-335.

Инаку, според податоците што ги соопшти ДЗС, до вчера во 20 часот биле попишани 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови. Бројката на самопопишани лица во странство до денеска во 7.30 часот е 203.144 лица.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, го прогласи пописот за успешен. Во гостувањето во „Утрински брифинг“, тој кажа дека имало и политички проблеми, но и технички проблеми и хакерски напади, ама и покрај тоа очекува денеска ДЗС да каже дека пописот е успешно завршен. Тој рече дека само малкумина одбиле да се попишат и за евентуални санкции треба да реши ДЗС.

„Податоците што ги има ДЗС треба да се обработат и има одреден период да се заврши таа операција. Само партијата Левица повикуваше на бојкот, но тоа немаше ефект. Имаше индивидуални членови на партијата кои одбија да се попишат. Тие се евидентирани, но бидејќи одбија доброволно да учествуваат, законот предвидува прекршочни глоби и ќе видиме ДЗС како ќе постапи. Малку се на број и нема да дадат удар на генералната слика за успешен попис, кажа Маричиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...