недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Благој Бочварски | 90 резултати

Почна асфалтирањето на автопатот Скопје-Блаце, догодина ќе се гради втората фаза

ноември 15, 2021

Првата фаза од автопатската делница Скопје-Блаце готова до половина, извести Министерството за транспорт. Околу 48 проценти во моментов се завршените градежни работи, на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. На овој автопат веќе започнаа асфалтерските работи на трасата, а се изведуваат и ископи, канали и бетонирање на други објекти, истакнаа министерот […]

Потпишан меморандум за изградба на Коридорот 8, до 15 ноември ќе се достават понуди за пругата кон Бугарија

октомври 19, 2021

Тројцата министри за транспорт на Северна Македонија, Албанија и Бугарија денеска во Софија го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка, со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за координирана изградба на железничкиот и патниот Коридор 8, информираат од Владата на РСМ. „Железничкото поврзување кон Исток со Република Бугарија и кон Запад со Република Албанија […]

Европскиот воз вчера пристигна во Скопје, ЕУ ја промовира железницата како превозно средство [галерија]

септември 14, 2021

Единствениот меѓународен патнички воз годинава меѓу Белград и Скопје вчера вечер пристигна на Железничката станица во Скопје. Европскиот воз „Connecting Europe Express“ го посети главниот град на земјава, за да ја испрати пораката на ЕУ дека иднината на транспортот е во железницата. Со возот од Белград допатува и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, […]

Во Белград потпишана декларација за развој на железницата во земјите од Западен Балкан

септември 13, 2021

Министрите за транспорт и врски од земјите на Западен Балкан и граничните земји на ЕУ, заедно со претставници на Европската Комисија и бројни други гости, денеска учествуваа на првиот Меѓународен самит посветен на развојот на железницата во земјите на Западен Балкан, што денеска се одржа во Белград. На Самитот министерот Бочварски, заедно со неговите колеги […]

Кинески „Синохидро“ и австриски „Штрабаг“ ја презедоа изградбата на патот Градско-Прилеп

јули 22, 2021

По подолготрајниот застој и проблеми, продолжува изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на патниот Коридор 10д. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи. Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 километри и вредност од 24,7 милиони […]

Поделени над 40 илјади картички за бесплатни патарини на српски туристи кои транзитираат кон Грција

јули 20, 2021

На граничниот премин Табановце денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и неговиот српски колега, министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај, Томислав Момировиќ, поделија повеќе картички за бесплатни патарини за српските туристи кои транзитираат низ Коридорот 10, кон Грција. Овие картички за српските државјани ќе важат до 15 август, а од 15 јуни досега, […]

Заев: За изградба и реконструкција на патиштата годинава се планирани 200 милиони евра

јуни 6, 2021

„Реконструкцијата на патниот крак Кавадарци-Дреново ја реализираме на барање на граѓаните од овој регион, кои ќе добијат современа делница и безбедно приклучување кон експресниот пат во изградба од Градско кон Прилеп. Ги реализираме програмските одредници „Сообраќајна мрежа без црни точки”, и патно поврзување меѓу најголемите центри, за што нема да бидат потребни повеќе од 90 […]

По три години изградба, пуштена во употреба првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш

јуни 4, 2021

Првата фаза од експресниот пат Штип-Радовиш во должина од околу 23,5 километри денеска беше пуштена во употреба. По три години од почетокот на градежните работи, премиерот Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и шефот на Европската банка за обнова и развој во Македонија, Андри Аранитаси, присуствуваа на отворање на патот, […]

Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

мај 29, 2021

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат. […]

Автопатот Кичево-Охрид нема да поскапува, новиот рок за завршување е почетокот на 2024 година

мај 21, 2021

Нема да има ново поскапување на автопатот Кичево-Охрид, но затоа ќе има второ пробивање на рокот за неговото пуштање во употреба. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изведбата на автопатската делница долга 57 километри. Министерот Бочварски ги отфрли шпекулациите […]

Бочварски: Санирана штетата на пругата кај Куманово, од утре повторно ќе биде во функција

мај 4, 2021

Железничката пруга што беше оштетена кај Куманово поради излизгување на товарниот воз во четвртокот, од утре ќе биде повторно ставена во функција, информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој денеска заедно со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санацијата на 250 метри пруга што беше оштетена. Бочварски рече дека […]

До крајот на мај ќе се преговара со „Синохидро“ за крајниот рок за довршување на автопатот Кичево-Охрид

април 29, 2021

Јавното претпријатие за државни патишта преговара со кинеската компанија „Синохидро“ околу новиот анекс со којшто ќе се продолжи рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид. Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска информираше дека очекува кон средината на мај да биде договорен анексот, којшто потоа треба да биде усвоен од Владата и од Собранието. […]

На автопатот Скопје – Велес се гради трета коловозна лента меѓу Катланово и Петровец

април 22, 2021

Со силен интензитет се изведува третата коловозна лента на автопатската делница Петровец – Катланово. Покрај нејзината изградба, екипи на градежната фирма „Бетон“ од Скопје вршат и комплетна рехабилитација на оваа делница од патниот Коридор 10. Ова го истакна министерот Благој Бочварски, кој заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија […]

„Трамвајот на тркала“ ќе се гради со 70 милиони евра заем од ЕБОР, рокот за изведба е крајот на 2025 година

април 21, 2021

Најдоцна до крајот на 2024 година во Скопје ќе треба да профункционира линијата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров на брзиот автобуски систем (БАС) во Скопје, додека втората линија од „трамвајот на тркала“ ќе се пушти во употреба во 2025 година. Ова го најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој денеска заедно со министрите за финансии […]

Не секоја дивоградба ќе може да се легализира, особено во старите заштитени зони на градовите, вели Бочварски

март 15, 2021

Министерството за транспорт и врски се понуди да го изработи урбанистичкиот план за целото крајбрежје на Охридскиот регион, како и да ги усогласи ДУП-овите на општините со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што е предвиден од УНЕСКО. За ова на денешната прес-конференција информираше министерот за транспорт и врски Благоја […]

Со кредитот од Светска банка, со вториот повик ќе се реконструираат 35 улици и локални патишта низ општините

март 15, 2021

Во 21 општина низ земјава и Градот Скопје ќе се реконструираат 35 улици и локални патишта, информираше министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на денешната прес-конференција. Станува збор за вториот повик до општините за изведба на градежни работи за подобрување на инфраструктурата, со кој вкупно ќе се реконструираат 35,5 километри патишта и улици во […]

Бочварски: Со новиот закон нема да се легализираат големи станбени единици

март 4, 2021

Новиот закон за легализација на бесправно изградени објекти е покренат од градоначалниците и од ЗЕЛС, и обезбедува плаќање на пенали за сите кои граделе бесправно, објаснува министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Со ова, тој одговара на јавните критики и барањето на екологистите и граѓанските активисти да се запре донесувањето на новиот закон. – […]

Втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Кочани ќе биде готова до крајот на годинава

март 2, 2021

До крајот на 2021 година ќе може да се вози по целосната траса на експресниот пат Штип-Кочани. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат, на потегот од селото Крупиште до Кочани. Втората фаза од […]

Оваа година завршува изградбата на магистралните гасоводи Скопје-Гостивар и Неготино- Битола

февруари 24, 2021

Годинава ќе заврши изградбата на магистралните гасоводи од Скопје до Гостивар и од Неготино до Битола, со што ќе се поврземе на преносниот систем на гас. Следат нови проекти за интерконекциско поврзување со Грција, Косово и Србија. Ова денеска го истакнаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам […]

Со 13 милиони евра се рехабилитира делницата меѓу Куманово и Страцин од патот кон Бугарија

февруари 10, 2021

Во текот на годинава ќе заврши рехабилитацијата на втората фаза, а веќе во март ќе започне реконструкцијата на коловозот на првата фаза од патниот правец меѓу Куманово и Страцин на патниот Коридор 8. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи, […]

Страна 2 од 5