fbpx

Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

-

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат.

Австриската компанија „Страбаг АГ“ е избрана за изведувач што ќе ја доврши изградбата на 16 километри од идниот експресен пат од Градско до Дреновската клисура, кој започна да се реализира во 2018 година. Во моментов пред потпишување е договорот со надзорниот орган за оваа делница, којшто ќе треба да ја внесе австриската компанија во работа.

На меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради делницата од Дреновската до Фаришката клисура долга 10 километри победи кинеската компанија „Синохидро“. Кинезите за две до три недели ќе треба да започнат со довршување на оваа делница од експресниот пат, која што досега има процент на изграденост од 35 отсто.

„Двете делници беа со избрани изведувачи коишто ја напуштија трасата и таму имавме сериозен проблем, така што сега се отклонуваат проблемите, оваа сезона очекуваме сериозни градежни зафати“, изјави министерот Бочварски за претходните изведувачи италијанската компанија „Тирена Скави“ што го градеше Градско-Дреново и шпански „Конструксионес Рубау С.А“ која што работеше на Дреново-Фариш.

Тој рече дека овие делници од експресниот пат Градско-Прилеп треба да бидат завршени и пуштени во употреба во текот на 2023 година.

Бочварски додаде дека во моментов се работи на целосна изработка на нова трета лента за целиот планински превој Плетвар на оние сегменти од патот каде што таа ја нема и за рехабилитација на овој патен правец, како и на уште еден експресен пат од Прилеп до Ленишка река, со што ќе се покрие комплетната патна траса од автопатот на Коридор 10 до Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Од обработените 50 отсто од резултатите на вториот круг претседателски избори и од парламентарните избори, може да се заклучи дека досегашната владејачка СДСМ доживува катастрофален пораз. Кандидатката за претседател поддржана...