понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Градско – Прилеп | 23 резултати

Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

29 мај 2021

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат. […]

По две години застој, пролетва треба да продолжи изградбата на првата фаза од патот Градско-Прилеп

25 март 2021

Наредните денови треба да се потпише договорот со најповолниот изведувач што треба да ја доврши изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на кракот Д од Коридорот 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека до крајот на март годинава треба да се избере компанијата-изведувач. Извештајот од евалуациите на понудите е испратен до Европската […]

Лани се работеше на изведба, годинава ќе се пуштаат нови патишта, роковите остануваат менлива категорија

10 јануари 2021

Северна Македонија годинава очекува засилен развој на патната инфраструктура и пуштање во употреба на неколку нови патишта коишто се градеа во изминатите години. И покрај вообичаените доцнења кај изведбата на проектите од цел спектар на вообичаени проблеми што лани беше надополнет со ковид-19 пандемијата, во 2021 година подобрувањето на патната инфраструктура ќе биде особено видливо […]

Експресниот пат Градско-Прилеп на Коридор-10 ќе продолжи да се гради, надминат е застојот

30 декември 2020

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Прилеп најави дека се надминати проблемите со изведувачите на новиот експресен пат Градско-Прилеп. Тој рече дека проблемите се решени и со почетокот на претстојната градежна сезона ќе започне силно темпо на изградба на овој експресен пат што се наоѓа на кракот Д од […]

Првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп ќе продолжи да се гради на почетокот од 2021 година

17 ноември 2020

По повеќе од една и пол година застој во градежните работи, првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп се очекува да продолжи да се изведува на почетокот од 2021 година. Тендерот за довршување на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура долга 10 километри беше распишан на 4 септември, а рокот за доставување на понудите […]

ЕУ нуди средства за железница, владата повеќе сака да гради патишта

9 октомври 2020

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура. Во финансискиот пакет вреден 9 милијарди евра, кој за земјите од Западен Балкан ќе бидат достапни преку ИПА III фондовите, но и преку дополнителни грантови и кредити што […]

ЕБОР го објави тендерот за доградба на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп

7 септември 2020

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп. Меѓународниот тендер ги повикува градежните компании да достават понуди најдоцна до 3 ноември за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура во должина од 10 километри. Изведбата на градежните работи се очекува да […]

До јуни ќе се објави тендерот за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

5 мај 2020

Јавното претпријатие за државни патишта планира до крајот на мај или почетокот на јуни да го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп. Градежните работи за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура запреа минатото лето, а беше раскинат и договорот со претходниот изведувач „Конструксионес Рубау […]

Годинава целосно ќе се реконструира оштетениот дел од патот Градско – Прилеп

6 март 2020

До крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на магистралниот пат Дреново – Фариш во должина од 9,1 километри. Проектот вреден 1,5 милиони евра ќе обезбеди зголемување на безбедноста во сообраќајот и побрза патна врска на Пелагонискиот регион со останатиот дел од земјава, информираат од Министерството за транспорт и врски. Увид во градежните работи на […]

Пролетва тендер за изведба на првата и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

26 февруари 2020

И покрај тоа што беше најавено за јануари, објавувањето на тендерот за продолжување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп е поместено за претстојнава пролет. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека со експерти од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) започнале со изработка на тендерската документација за делницата […]

Годинава ќе се возиме по првите километри од Кичево – Охрид и по експресниот пат Штип – Крупиште

10 јануари 2020

Околу 25 километри нови експресни патишта и автопати ќе можат да се користат од македонските возачи годинава, доколку се остварат планираните проекти од Годишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта. Пролетва како прва фаза од изградбата на новата патна врска меѓу Штип и Кочани ќе бидат пуштени во употреба 14,3 километри од […]

Во јануари ќе има тендер за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

23 декември 2019

Јавното претпријатие за државни патишта планира наредниот месец да го објави тендерот за избор на градежна компанија што ќе ја доврши изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп. Неколкумесечниот застој на изведбата на 10-те нови километри меѓу Фаришката и Дреновската клисура настанаа откако изминатово лето беше раскинат договорот со претходниот изведувач „Конструксионес […]

Ќе се прави анализа што сè шпански „Рубау“ (не)сработил на патот Градско – Прилеп

3 октомври 2019

Фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ е избрана од Јавното претпријатие за државни патишта да го изработи елаборатот со пресек на извршените работи и предмер – пресметка на неизведените делови за изградба на експресниот пат Градско – Прилеп, во делот меѓу Дреновската и Фаришката клисура. Со 10,2 милиони денари вредниот договор ќе се направи анализа […]

Експресниот пат Градско – Прилеп со нов рок – 2022 година!

2 септември 2019

Јавното претпријатие за државни патишта на шпанскиот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“ му го раскина договорот за изведба на првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, на потегот меѓу Дреновската и Фаришката клисура. Од ова јавно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека изведувачот неколку пати бил опоменат за исклучително ниската ефикасност. – Поради неизвршувањето […]

Зошто да се гради автопат, а не експресен пат меѓу Прилеп и Битола?

24 јуни 2019

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов минатата недела најавија дека државата годинава ќе го отпочне проектирањето на идниот автопат Прилеп – Битола. Во Годишната програма за работа на ЈП за државни патишта за 2019 година е вметнато задолжението за изработка на проектна документација за автопат […]

Првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп ќе доцни две години

22 мај 2019

Наместо да биде завршен до почетокот на 2018 година, првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп се очекува да биде завршена во 2020 година. Двегодишното доцнење на градежните работи на секцијата долга 10 километри меѓу Фаришката и Дреновската клисура е поради бројни пропусти во проектната документација. Пронајдените археолошки наоѓалишта, нерешената експропријација на […]

Таксист загинал во судир со камион на патот Градско – Прилеп

28 февруари 2018

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во 10.10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, загинал таксист кој управувал со автомобил „мерцедес“ со скопски таблички. Како што извести полицијата, се судриле „волво“ камион со приколка управуван од Ј.Г.(30) од Велес и такси возилото со кое управувал К.Л.(35) од Скопје. Таксистот го загубил животот […]

Стечајците од „Фени“ денеска повторно ќе го блокираат патот Градско – Прилеп

4 декември 2017

Ако до пладне не им биде исплатена платата за октомври, вработените во комбинатот „Фени“, кој од пред помалку од една седмица е во стечај, ќе го блокираат патот Градско – Прилеп. Во средата Основен суд Велес одлучи да биде отворена стечајна постапка за фабриката. Трите најголеми доверители, „Комерцијална банка“, „Стопанска банка“ и „Силк роуд банка“, се […]

Бочварски: Поради пропусти во проектот, проблеми има и на патот Градско – Прилеп

8 јули 2017

По очигледните огромни пропусти на автопатoт Кичево – Охрид, каде само за еден тунел, поради пропусти во проектот, цената ќе се зголеми од 29 на 89 милиони евра, слични проблеми се јавуваат и во изведбата на експресниот пат Градско – Прилеп, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски. – Постојат сериозни пропусти во проектната документација, непостоење […]

Страна 1 од 1