fbpx

Во Белград потпишана декларација за развој на железницата во земјите од Западен Балкан

-

Министрите за транспорт и врски од земјите на Западен Балкан и граничните земји на ЕУ, заедно со претставници на Европската Комисија и бројни други гости, денеска учествуваа на првиот Меѓународен самит посветен на развојот на железницата во земјите на Западен Балкан, што денеска се одржа во Белград.

На Самитот министерот Бочварски, заедно со неговите колеги од другите земји, ја потпиша Декларацијата за подобрување на квалитетот и брзината на услугите на железничката мрежа преку проширување на транс-европската транспортна мрежа во согласност со стандардите на ЕУ.

Со Декларацијата, земјите од Западен Балкан се обврзуваат на воспоставување на директни железнички конекции помеѓу големите градови, на дигитализација на железничките системи за меѓусебно поврзување и овозможување размена на податоци за прекуграничен превоз на стоки и патници, на развој на интелигентни транспортни системи и воведување на мултимодални јазли, како и намалување на несреќите преку модернизација на железничките премини до крајот на 2025 година.

„Наша заедничка цел е железничкиот транспорт да биде подеднакво развиен како и во земјите на Европската Унија и да биде признат и препознат како побрз, безбеден и еколошки транспорт. Од нас се очекува да продолжиме да работиме како што работевме и во претходниот период. Ќе потенцирам дека завршувањето на реформите во железничкиот сектор, зајакнување на човечките капацитети, одржување на постојната мрежа, безбедноста, како и новите инвестиции, се клучен елемент за подобрување на сегашната состојба“, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во рамки на Самитот, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Хари Локвенец, потпиша Меморандум за разбирање со железниците од земјите од Западен Балкан, со кој железничките компании се обрвзуваат да работат на унапредување на железничката мрежа и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Меѓународниот самит е дел од иницијативата на Европската унија во рамките на глобалниот настан „Година на Железницата“ посветена на развој и модернизација на железничкиот сектор. Како дел од овој настан, вечерва на Железничката станица Скопје пристигнува Европскиот воз со кој се промовира железничкиот транспорт како најбезбеден и најекономичен, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...