fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Бучавата од сообраќајот во Скопје и во Битола е до два пати поголема од дозволеното

Граѓаните од Скопје и Битола се соочуваат со дури два пати поголема бучава од сообраќајот во споредба со дозволените рамки. Покрај тоа што ги остава без сон, преголемата бучава може да предизвика нарушувања на психичката и физичката состојба. Мерењата на бучавата што ги направија од Техничкиот факултет во Битола покажуваат измерени вредности далеку поголеми од законските ограничувања на сите...

Виѓиленца Абази: Укажувачите не се штитат само со закон, тоа е само прв чекор

Во земја во која доминираат политичките партии, можеме ли да очекуваме јавен службеник да пријави злоупотреба ако нејзината партија може едноставно да ја отпушти?, прашува Виѓиленца Абази, професор на правниот факултет на Универзитетот во Мастрихт, Холандија, во интервју за „Мета“. Македонија од 2015 година има Закон за заштита на укажувачите. Истата година кога беше донесен законот во случајот „Пуч“ беа...

Без субвенции, билетот во градски автобус во Скопје би бил поскап (инфографик)

Субвенциите за покривање на загубите што ги продуцира скопскиот јавен превоз со години наназад се еден од главните причинители за одлевањето пари од градскиот буџет. Градот Скопје во годинешниов буџет има предвидено да издвои субвенции од 400 милиони денари за јавниот превоз, и тоа за потешкотии во работењето (250 милиони денари), за бесплатни билети (100 милиони денари), за систем...

Градска железница во Скопје: Прво анализа, потоа изградба

Проектот за воведување на градско - приградска железница во Скопје би создал услови за урамнотежен развој на главниот град, но најпрво ќе мора да се направат соодветни студии и да се пронајдат позначајни финансиски средства за неговата изведба. Владата во својата 4 - годишна програма за работа, во делот на инфраструктурата, го има вметнато проектот за воспоставување на приградски...

Со тендер од 2,4 милиони евра ЈСП ќе влезе во дигиталното доба

Фото: Борче Поповски
Нова апликација за паметни телефони, повеќе читачи на картичките „Скопска“ во автобусите, електронски билет за едно возење, обезбедување на комуникациска инфраструктура и E-Cloud платформа се новините што ЈСП-Скопје планира да ги воведе во претстојниов период за корисниците на јавниот превоз во Скопје. Тендерот вреден околу 2,4 милиони евра за овие новини во градскиот транспорт веќе е објавен на Електронскиот...

Скок од 14 места за Македонија на индексот за слобода на медиумите (инфографик)

Нашата земја е на 95-то место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“ (РСФ), скокајќи 14 места во однос на претходниот извештај за 2018 година и со тоа се пласираше подобро и од соседна Бугарија, која е членка на ЕУ, а е на 111 место. Главна забелешка на „Репортери без граници“ за Македонија оваа година...

Градот Скопје и Железници размислуваат за комбиниран билет за воз и автобус

Град Скопје и Железници - Транспорт се заинтересирани за воведување на нова, комбинирана карта за патување со воз и јавен превоз во главниот град. Ваквиот билет веќе се користи во поголемите градови од развиените земји, а со него би им се овозможило на граѓаните со една карта да извршат трансфер од автобус во воз и обратно, со цел полесно...

Владата подготвува фонд од 30 милиони денари за заштита на шумите

Од идната година во програмата за рурален развој се внесува сосема нов фонд од половина милион евра за заштита на шумите. Ова денеска од Штип го најави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како дел од мерките во борба против пожарите. -Креиравме посебна мерка, која се однесува на заштита на шумскиот фонд, таа мерка до сега не постоеше....

Општинската администрација пораснала двојно од 2011 година (инфографик)

Локалната самоуправа има двојно повеќе вработени отколку во 2011 година, покажува споредбата на два документи од Министерството за локална самоуправа и од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Динамиката на вработување во општините се удвоила по 2013 година, од кога бројот на вработени во просек годишно расте за 22 отсто. Според Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2015-2020...

За 18 години се загубиле 40 милиони патници од јавниот транспорт (инфографик)

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Бројката на превезени патници во јавниот превоз во Македонија опаѓа низ годините, но сè повеќе македонски општини се одлучуваат да воведат редовен линиски превоз во градовите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани услугите на градско - приградскиот превоз ги користеле 71.410.000 патници, додека со јавен транспорт во 2000 година биле превезени 111.408.000 патници. Статистичките податоци укажуваат на...

„Скопска“, освен за билети на ЈСП, да се користи и за други плаќања

По повеќе од две години од нејзиното воведување, електронската картичка „Скопска“ сè уште се користи единствено за патување со јавниот автобуски превоз во Скопје. Експертите посочуваат дека скопските јавни претпријатија треба да се обидат на оваа картичка да го вклучат и плаќањето паркинг за возилата, изнајмувањето велосипед, па дури и некои нетранспортни услуги од типот на посета на музеј...

Најзагадените општини трошат во просек по 1 отсто од буџетот за екологија (инфографик)

Десетте општини со најзагаден воздух во Македонија годинава намениле во просек по еден отсто од своите буџети за заштита на животната средина. Според Вкупниот годишен извештај за квалитетот на животната средина за 2017 година, последниот таков извештај на Министерството за животна средина, најзагадени општини со ПМ-2,5 честички во воздухот биле Центар, Карпош, Битола, Тетово и Куманово, а најголема концентрација на...

Скопје ќе воведува нов автоматизиран систем за изнајмување велосипеди

Наместо изнајмување велосипед со лична карта на паркинзите на Ј.П. „Градски паркинг“, Скопје во иднина ќе добие автоматизиран систем за изнајмување на овие превозни средства на 30 локации низ градот. Градските власти планираат да воведат јавен систем за самоизнајмување 450 велосипеди, кои ќе бидат опремени со систем за позиционирање (ГПС). Граѓаните што сакаат да изнајмат велосипед, во иднина ќе можат...

Приватниците со 209, ЈСП со 275 автобуси во јавниот превоз во Скопје (инфографик)

Јавниот превоз во Скопје лани функционира со 105 линии. За овие линии, Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје (ЈСП - Скопје) пушта во сообраќај дневно, во просек 275 возила. Јавен превоз во Скопје вршат и приватните претпријатија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, кои заедно имаат 209 возила, пренесува „Порталб.мк“. Од Секторот за сообраќај на Град Скопје објаснуваат дека сегашното право за вршење...

Новите 12 возила за итна помош ќе бидат предадени в четврток

До 11 април, Министерството за здравство ќе ги прими, а потоа и ќе ги распредели сите 12 нови возила за итна помош, за кои потпиша договор во декември со компанијата „Аутомотив Груп“, која победи на тендерот, пренесува „Порталб“. „Возилата пристигнуваат по две, а до 11 април веруваме дека ќе пристигнат сите”, објаснуваат од Кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче. Во...

Осум години Скопје ја чека изградбата на бесплатни паркинзи за возилата од другите градови

Иако бил вклучен како проект во 2011 година во првиот план за одржлив транспорт на Град Скопје, „Паркирај и вози“, концептот до денешен ден не е воведен во нашата метропола. Проектот со кој градовите од развиените земји го решаваат проблемот со сообраќајниот метеж во нивните центри не е изведен во изминативе 8 години од страна на градските власти. Никола Крстаноски,...

И приватниците сакаат субвенции за нови автобуси во јавниот превоз

Две недели по распишувањето на огласот за набавка на нови автобуси за ЈСП - Скопје, приватните превозници што вршат јавен превоз во главниот град посочуваат дека би сакале да добијат еднаков третман како и ЈСП - Скопје при обновата на возниот парк. Од „Макекспрес“ информираат дека во два наврати поднеле барања за одредување критериуми и технички карактеристики на возилата,...

Железничкото депо „Лисиче“ делумно обновено со заем од ЕБОР

По три години изведба, целосно е обновена една од халите во железничкото депо „Лисиче“ во Скопје. Со 2 милиони евра се обнови работилницата за поправки и одржување на моторни возови и локомотиви, додека за останатите објекти од овој комплекс нема предвидено средства за реконструкција. Од Железници - Транспорт велат дека не се предвидени понатамошни зафати со подигнатиот заем од Европската...

Наместо наеднаш, ЈСП постепено ќе купува нови единечни и зглобни автобуси

Скопското јавно сообраќајно претпријатие во иднина нема да ја повтори грешката со набавката на кинеските и на украинските автобуси, кога наеднаш се купија 80 единечни и  217 двокатни возила. Со најновиот тендер за обнова на возниот парк, тие се одлучиле да се вратат на стариот модел за постепена обнова на автобусите. Од ЈСП - Скопје за „Мета“ велат дека негативното...

Имаме само половина од потребниот број пожарникари

Земјава располага само со половина од потребниот број на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици, покажуваат податоците на Дирекцијата за заштита и спасување. На крајот на минатата година сме имале 747 пожарникари, или еден на 2.778 жители. Стандардот пропишан во Законот за пожарникарство, пак, наложува дека треба да има еден пожарникар на најмногу 1.500 жители, или најмалку 1.383 професионални пожарникари...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...