fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Заврши уште една неуспешна сезона на Попова Шапка

На 31 март заврши скијачката сезона во ски-центарот „Попова Шапка“ - Тетово, а граѓаните се револтирани затоа што и оваа сезона се затвори без да се решат проблемите, пренесува „Порталб.мк.“ Иако оваа година се организираа и неколку протести и се побара компанијата која во моментов управува со Попова Шапка, „ЕЛЕМ ТУРС“, да се повлече од управувањето, ова не се случи....

Џафероски: Пожарите се организиран акт на тероризам против природата

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски го затекнавме во Скопје помеѓу две заминувања на терен каде што горат пожарите, низ целата држава. За „Мета“ тој зборува за подметнувањето пожари во предизборието како „нов облик на тероризам“. Впечаток е дека пола Македонија деновиве изгоре во пожари ... - Вчера имавме драматичен ден. До доцна по полноќ ми пристигнуваа информации...

Расте бројот на инциденти во автобусите на ЈСП – Скопје (инфографик)

Вандалското однесување на дел од патниците довело до зголемување на бројот на инциденти во автобусите на ЈСП - Скопје во 2018 година. Според Годишниот извештај за работењето на ЈСП - Скопје, лани биле регистрирани вкупно 189 инциденти. Оштетувањето на возниот парк бележи најголем раст, па така, биле регистрирани дури 141 вакви случаи. На тој начин, предизвикувањето штети на автобусите...

Рапидно растат онлајн плаќањата: Лани вкупно 133,7 милиони евра – за 18 отсто повеќе од 2017-та

Граѓаните лани потрошиле вкупно 133,7 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 23,8 милиони евра (17,8 проценти) во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Дури 64 отсто од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, додека 36 отсто од трансакциите...

Владата донесе одлука да го намали ДДВ-то за гасот од 18 на 5 отсто

Владата донесе одлука да го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за гасот од 18 на 5 проценти, соопшти премиерот Зоран Заев кој заедно со заменик претседателот во Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи и градоначалникот на Општина Прилеп...

За 5 години, бројот на патници на ЈСП опаднал за 8 милиони (инфографик)

Опаѓа интересот за користење на јавниот градски превоз во Скопје. ЈСП - Скопје во изминативе 5 години изгубило околу 8 милиони патници годишно. Услугите на ова претпријатие лани ги користеле 44.726.781 патници, додека во 2014 година со автобусите на ЈСП - Скопје биле превезени 52.990.214 патници, се наведува во годишните финансиски извештаи за работењето на јавното сообраќајно претпријатие. Ваквата ситуација...

Малата депонија со линдан кај ОХИС ќе се чисти на есен, компанијата ќе ја избираат ОН

За месец дена ќе се финализира тендерската документација, по што ќе биде објавен меѓународен конкурс на организацијата на Обединетите Нации – УНИДО за избор на фирма и технологија за отстранување на депонираниот линдан од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС која содржи околу 10 илјади тони од опасната хемикалија, соопшти денеска Сузана Андонова, раководителка на Канцеларијата за неразградливи...

На водите на Балканот им се заканува уништување поради браните, македонските реки се меѓу најзасегнатите

Три четвртини од реките на Балканот се еколошки толку вредни што би морале да бидат заштитени од изградба на хидроцентрали. Ова е заклучокот од студијата „Еко-мастер план за балканските реки“, изготвен од страна на меѓународната еколошките организации „Еуронатур“ и „Ривервоч“, промовиран на меѓународната конференција „Хидроенергетските проекти и заштита на природата – предизвици и решенија“ во Скопје. Овој настан беше...

Синдикатот e против трансфер на административците во приватниот сектор

Синдикатот на администрацијата на Република Северна Македонија се противи на идејата на Владата за трансфер на административците во приватниот сектор. Од друга страна, бизнис секторот бара најпрвин да се информира за кадарот што ќе им се понуди, а Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) продолжува со спроведување на планот, пишува „Порталб.мк.“ До крајот на 2019 година, треба да се...

Новиот закон за урбанизам нема да ги излечи лошите навики во градењето

И со новиот Закон за урбанистичко планирање, кој веќе е влезен во собраниска процедура за негово изгласување, нема да се променат лошите навики за градење. Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Мартин Пановски за „Мета“ вели дека постојат големи недоречености во предложениот закон, кој владата веќе го усвои и го испрати до Собранието. Освен првичен состанок инициран од...

Грипот годинава е поагресивен и затоа предизвикува компликации и смрт

Епидемиолозите очекуваат да има сè потешки случаи на мутиран свински грип, кој предизвикува потешки компликации. Проф. д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вели дека оваа сезона се изразени чести промени и мутации на овој вирус. - Тие се многу чести кај вирусот на инфлуенца и затоа оваа година добивме поагресивен подтип на вирус, којшто предизвикува сериозни компликации,...

Македонските војници задолжително ќе одат во мисии на НАТО

Министерството за одбрана подготвува предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се дефинираат правилата за ангажман на нашите војници во мисиите на НАТО. „Со овој предлог на закон ќе се овозможи распоредување на припадниците на Република Северна Македонија надвор од територијата Република Северна Македонија во операции и мисии на НАТО на задолжителна основа, како и непречено...

Храна, туризам и рудници не одат заедно, велат екологистите

„Јас и моите синови, кои ги убедив да не се иселат во странство, додека сме живи ќе произведуваме органска храна и нема да дозволиме рудници да ја загадуваат животната средина во која живееме и одгледуваме земјоделски производи“, рече Димче Балевски органски производител и еко-активист од Валандово, во своето обраќање на конференцијата со наслов „НЕ за рудници, ДА за зелена...

За пет години станбениот квадрат во Скопје поевтинил за 8.000 денари (инфографик)

Пад од 8.000 денари има на цената на станбениот квадрат во Скопје во периодот 2013-2018 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Скопје, просечната цена на квадратен метар станбена површина лани изнесувала 46.764 денари без ДДВ, а во 2013 година 54.857 денари. Тоа значи дека просечната цена на стан од 60 квадрати во Скопје во 2013 била 3,3...

Додека Албанија гради, Македонија чека пари за железничко поврзување

Албанија е активно вклучена во изградбата на пругата од Коридорот 8 на нејзиниот дел од територијата. На потегот од Тирана до Драч, веќе се одвиваат градежни работи, а во крајна фаза за избор на изведувач за реконструкцијата е и пругата од Драч до Елбасан. Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ“ Ирфан Асани вели дека тамошната влада...

Со 160-те мали централи ќе ја бетонираме земјата, а нема да ја постигмене целта

Дури и да се изградат сите 160 мали хидроцентрали кои се планирани да бидат изградени во државата, Македонија нема да го достигне таргетот на ЕУ до 2020 година да произведува 25 проценти од енергијата од обновливи извори. Ова беше соопштено на денешната меѓународна конференција „Хидроенергетски проекти и заштита на природата – предизвици и решенија“, што се одржа во Скопје, во...

Тешко се наоѓаат наставници – сите бегаат од образованието

Кога ќе се испразни наставничко место по предметот физика или математика во некое основно или училиште за средно образование, тешко се наоѓа лице со соодветно образование за да ја одржува наставата. Проф. Ѓорѓи Маркоски, шефот на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет, за „Мета“ вели дека ова е така затоа што дипломците одбиваат да работат во образование. - За настава...

Објавен тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица

Министерство за животна средина и просторно планирање го објави тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица. Тендерот првично беше најавен за до крајот на 2018 година, а потоа за до крајот на јануари оваа година, па на 11 март, за конечно да биде објавен на 22 март. Проценетета вредност на тендерот, кој е отворен до 2 април,...

Иџет Мемети: Нема граѓански права со партизирана администрација

„Едноставно, не може некој административец да одлучи дека во наредните три дена нема да работи и дека предметите ќе почне да ги решава следната недела... Ова не е измислен случај“, вели народниот правобранител Иџет Мемети во интервју за „Мета“. Тој посочува дека граѓаните имаат најмногу поплаки на правосудството, работните односи, денационализацијата, социјалата и потрошувачките права, а јавната администрација е...

Седум смртни случаи поврзани со грип регистрирани минатата седмица

 Во текот на 11. седмица од оваа година, во Република Северна Македонија се пријавени 1.573 случаи со заболувања слични на грип, а регистрирани се дури седум смртни случаи, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). - Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 20,6 отсто споредено со 11-та недела од минатата сезона, а во однос на просекот за 11....

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...