fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Комплетирана независната мрежа на 7 мерачи на аерозагадување во Битола

Со три нови сензори, поставени на локации во Битола – Баир, Бадембали и Декорплод, кои се донација на компанијата „Кромберг и Шуберт“ се комплетира независната мрежа на  седум сензори за мерење на загаденоста на воздухот во овој град на неодамна основаната Платформа „Земи здив“, граѓанско здружение, кое го следи квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола и нејзината околина преку...

Новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците влезе во Собрание

Во собраниска процедура влегоа предлозите за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за Влада со кои се предвидува основање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и бришење на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Со законските измени се овозможува и реорганизација, унапредување и дефинирање на надлежностите и работата...

Македонските дипломати не сакаат оценување на нивната работа

Последното оценување на вработените во Министерството за надворешни работи и дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство било извршено во 2013 година, констатираат државните ревизори во најновиот извештај за работењето на Министерството. Поради специфичноста на работењето на директоратите во Министерството и на дипломатско-конзуларните претставништа, од МНР во 2016 година доставиле барање до Министерството за информатичко општество и администрација за изземање од...

Народниот правобранител уште добива претставки за стечај и за денационализација

И после повеќе од две децении се уште имаме проблеми со стечајот, но и со денационализацијата, која одамна требаше да биде завршена, вели народниот правобранител Иџет Мемети за „Мета“. Кон крајот на минатата година институцијата примила повеќе од 300 претставки за стечајот на Охис од поранешни вработени во некогашната фирма. - Тие изразија сомнеж во работата на стечајниот управник, стечајниот...

Конзулатот во Венеција и амбасадата во Рим со блокирани тековни, плаќаат преку приватни сметки

Генералниот конзулат на земјава во Венеција и амбасадата во Рим не можат да отворат сметки за редовно работење поради судски спор со лице кое порано било ангажирано со договор на дело во конзулатот во Венеција, открива Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на Министерството за надворешни работи. Тие сега се снаоѓаат со исплати преку сметка на лично...

Поповска: Некого го чешаат рацете за иловичкото злато

На темата рудници и нивна здрава алтернатива, како и за битката на струмичките екологисти против рудникот Иловица, „Мета“ разговараше со пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска. Неодамнешната победа – отфрлената тужба од рудникот Борово Дол за клевета од страна на Судот, ДОМ ја посвети на струмичките екологисти кои се борат против отворањето на рудникот Иловица. Какви се, според вас, шансите тие...

Oсум комбија ќе се пренаменуваат во возила за Итна помош, 12 нови возила ќе стасаат во април

Службите за итна медицинска помош до крајот на месецот ќе ги добијат новите 12 амбулантни возила, кои Министерството за здравство ги набави лани, а дополнително ќе бидат пренаменети уште осум комбија во возила за Итна помош, рече министерот за здравство Венко Филипче, на почетокот на дводневната едукативна обука за Итна медицинска помош и менаџирање на ресурси, пренесува „Порталб“. Комбијата ќе...

Бујаровска: Животната средина ќе се уништува сè до стартот на преговорите со ЕУ

За неодговорна држава и забрзаното уништување на природата за да се фати последниот воз пред скринингот на ЕУ, за тоа колку профитот е поважен од екологијата и за погрешните стратегии кои Македонија ја враќаат во 19. век, „Мета“ зборуваше со Александра Бујаровска од еколошкото здружение „Фронт 21/42“, експерт за криминално право од областа на животната средина. Последниов месец гори трска...

Инцидент на собирот на „Еуромакс“: Младите најавуваат нови протести против рудникот

За време на настанот, во организација на компанијата „Еуромакс рисорсес“ во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, се случил инцидент помеѓу еко-активисти што протестирале против отворањето на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука и обезбедувањето. Концесионерот на рудникот „Еуромакс“, минатиот викенд организираше, како што е наведено во соопштението на компанијата, неформално информативно дружење со локалната заедница на општините Ново Село и...

Не се стишува епидемијата со морбили, за една недела 63 нови случаи 

Во период од една недела, пријавени се вкупно 63 случаи на мали сипаници кои биле лабораториски потврдени. Од вкупниот број на новозаболени лица, 29 случаи се од Скопје, а речиси 80 отсто од нив се невакцинирани. Освен од Скопје, пациентите се од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Гевгелија, Виница и Кратово. - Од почетокот на епидемијата во Скопје (3 јануари), регистрирани...

Со законски измени, прекувремената работа се ограничува на 190 часа годишно

Во собраниска процедура влезе предлог-законот за измени на Законот за работни односи со кој прекувремената работа се ограничува на осум часа неделно или 190 часа годишно. Измените предвидуваат дека работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата, ако е потребно продолжување на деловниот или производниот...

Подемот и падот на железницата – за три децении за 12 пати намалено патувањето со воз (видео)

video
Изблиците на неизмерна среќа кога се дочекува некој близок, тажните збогувања низ солзи со оние што патуваат далеку, испраќањето во војска, или пак, на студии во странство, бакнежите, прегратките, солзите, смеата веќе не можат да се забележат на пероните на една од најголемите железнички станици на Балканот. На скопската железничка станица нема повеќе испраќање на шопинг во Трст или во...

„Еуромакс“ на средба со жителите на Босилово и Ново Село: „Евтин трик“, велат екологистите

Концесионерот на рудникот за бакар Иловица - Штука „Еуромакс рисорсес“ најави дека утре организира, како што се вели во соопштението до медиумите, „неформална информативна средба со жители од општините Босилово и Ново Село, на која присутните ќе се запознаат со потенцијалите за вработување и соработка со рудникот“. Компанијата информира дека на средбата ќе присуствува Алан Бејкер, менаџер на проект и...

Вработувањата во железницата се неопходни, празните места ќе се пополнат по изборите

Огласи за вработување на над 200 лица беа објавени од двете железнички претпријатија во изминативе шест месеци. И покрај тоа што се натрупани во долгови, на двете компании за железнички транспорт и инфраструктура им се неопходни нови работници. Од Железници на РСМ - Транспорт за „Мета“ велат дека пензионирањето на поголем број вработени довело до недостиг на стручен кадар...

„Одземени овластувањата“ на припадниците на АРМ кои ширеа лажни вести, дисциплинската постапка е при крај

АРМ им одземало „одредени овластувања“ на двајцата свои припадници осомничени за ширење лажни вести, кои ги откри белгискиот истражувачки новинар Мартен Шенк. Против двајцата, инаку мајор-офицер за безбедност и професионален војник, АРМ најавува и други санкции, по формалното завршување на дисциплинската постапка. „Едниот припадник е повлечен од мисијата во Босна и Херцеговина, каде што досега бил. Превземени се чекори за...

Владата подготвува влез на приватен капитал во железничкиот сектор

Македонската влада се подготвува за влез на приватен капитал во железничкиот сектор. Избрана е консултантска куќа која што до крајот на 2019 година ќе ги определи моделите за преструктурирање на Железници на Република Северна Македонија - Транспорт, по што ќе се избере најсоодветниот начин за либерализација на железничкиот сектор во земјава. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ велат...

Новиот концесионер на Дрисла ќе го чека крајот на претседателските избори

Град Скопје го одлага изворот за иден концесионер на Дрисла за по претседателските избори. „Ние немаме дилема дека „Шолц“ треба да биде идниот партнер и концесионер на депонијата Дрисла, но, сакам да избегнеме секој сомнеж во регуларноста на изборот, за Советот на Град Скопје да не носи одлуки за нови концесии во ситуација кога се наоѓаме во изборна кампања„, објави...

Градот шест месеци плаќа кирија за скелето на СУГС „Цветан Димов“ што не се користи

Град Скопје сега веќе еден месец не одговора на прашањето на „Порталб.мк“ во врска со плаќањето на скелето што е поставено за реконструкција на фасадата на средното училиште „Цветан Димов“ во општина Чаир. За скелето се плаќа шест месеци, а работата не е започната. „Порталб.мк“ на 12 февруари испратил имејл до портпаролот Валон Салиху и до официјалната имејл адреса на...

Се воведуваат дежурства за следење на пожарите во Македонска Каменица

Над сто хектари површина со сува трева и шума изгореа во пожарот кај Саса пред два дена. При тоа, беа зафатени и десет хектари на букова шума, а огнот зафати и површини преку границата со Бугарија. Ова беше најголемиот пожар од вкупно 12-те регистирани оваа година во Општината Македонска Каменица, а истоврмено и пожар со најголема штета. Поради тоа...

Со законски измени ќе се овозможи производство на органско и ароматизирано вино

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Единствениот национален електронски регистар на прописи објави дека подготвува измени на Законот за виното. „Со предлог законот се регулира воведување на нови производи во рамки на законот (органско вино, ароматизирани вина и пијалаци кои се базираат на вино), како и дефинирање на условите за производство на вино кај мали винарии и физички лица...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...