fbpx

Рапидно растат онлајн плаќањата: Лани вкупно 133,7 милиони евра – за 18 отсто повеќе од 2017-та

-

Граѓаните лани потрошиле вкупно 133,7 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 23,8 милиони евра (17,8 проценти) во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Дури 64 отсто од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, додека 36 отсто од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во Македонија.

Во текот на 2018 година реализирани се вкупно 5.435.285 онлајн трансакции во однос на 4.293.214 онлајн трансакции во текот на 2017 година што претставува пораст од 21 отсто.

Од аспект на вредноста на трансакциите, исто така се забележува пораст. Во 2018 година вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба изнесува 139 милиони евра (8.554.339.610 денари), што во споредба во 2017 година кога се реализирале 113 милиони евра (6.946.126.105,00 денари) претставува пораст за 18.79 проценти.

Имателите на платежни картички издадени во странство значително го зголемиле бројот и вредноста на онлајн трансакциите. Бројот на онлајн трансакции реализирани во 2018 година, во корист на виртуелни места на продажба во земјава бележи пораст од 132 отсто во однос на 2017 година.

Реализирани се вкупно 120.291 трансакција од страна на иматели на платежни картички од странска банка во корист на домашен трговец, односно вкупно 5,4 милиони евра се влеале во државава на име онлајн купување од странство, што претставува пораст за околу 78 отсто во однос на 2017 година.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...