недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: онлајн | 26 резултати

Шаќири: Децата немаат заштитен ѕид од онлајн ризици и закани

јули 11, 2022

Масовната онлајн изложеност на децата на Интернет, покрај сите придобивки, носи можности и за злоупотреби, закани, насилство и експлоатација. Затоа е многу важно системски и организирано да ги заштитиме младите од демнечките онлајн ризици и закани. Ова го кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната презентација на Проценката за безбедноста на децата […]

Поради омикронот, фестивалот „Санденс“ ќе има виртуелно издание годинава

јануари 6, 2022

На две недели пред неговиот почеток на 20 јануари, фестивалот „Санденс“ соопшти дека овогодинешното издание на еден од најистакнатите филмски фестивали ќе се одржи виртуелно. Омикрон сојот што забрзано се шири низ САД ги одложи настаните со физичко присуство, закажани за периодот од 20 до 30 јануари. „Санденс“ првично беше планирано за годинава да се […]

На плоштадот во Гостивар може да се видат вознемирувачките пораки кои девојките ги добиваат онлајн

октомври 27, 2021

Гостиварскиот плоштад исполнет со најчестите вознемирувачки пораки кои онлајн секојдневно ги добиваат младите девојки. Овие пораки беа претставени на изложбата „Од инбокс, на плоштад“, која што се реализираше во рамки на кампањата “Seen” (Видено) на Центарот за еднакви можности „Mollëkuqja“ (Бубамара), пишува Порталб.мк. Развојот на технологијата значително го зголеми сексуалното вознемирување што се случува на […]

Онлајн продажба на билети за Саемот на книга 2021

август 31, 2021

Од утре, билети за саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн електронскиот систем www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари. Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), […]

Истражување: Оваа учебна година онлајн наставата многу подобро организирана во споредба со лани

јуни 7, 2021

Родителите, децата и наставниците сметаат дека оваа учебна година (2020/2021) наставата на далечина била многу подобро организирана во споредба со второто полугодие од минатата учебна година (2019/2020). Техничките потешкотии биле надминати, а исто така наставата се организирала според распоред на часови и биле исполнети целите на наставната програма. Ова го покажува истражувањето направено од „Реактор“ […]

Асоцијацијата за е-трговија воведува беџ за верификуван е-трговец

јануари 26, 2021

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и кои ги исполнуваат основните правила и законски прописи, од останатите онлајн продавници кои не се целосно усогласени или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. „Беџот ќе […]

МОН: Продолжувањето на наставата со физичко присуство зависи од тоа колку одговорно ќе се однесуваме сите

октомври 9, 2020

Учениците и наставниците да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 и одговорно да се однесуваат и на двор од училиштата со цел да се спречи ширењето на болеста, апелира Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму велат дека онлајн наставата ја следат над 80 отсто од учениците. Ако сите се придржуваме на мерките за […]

НБРМ: Плаќањето со картички преку Интернет зголемено за 122,6 проценти за време на ковид-19

септември 1, 2020

Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6 проценти, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2 проценти, во текот на првото полугодие од 2020 година, велат од Народна банка по […]

Археолошкиот музеј објави онлајн тура низ локалитетот „Тумба Маџари“

јуни 25, 2020

Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија објави онлајн тура на отворениот музеј “Неолитското село” во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој е затворен за посетители согласно здравствените протоколи поради корона вирусот. Техничката изработка на виртуелната прошетка е на Дончо Наумовски, а текстуалната поддршка на Елена С. Канзурова. Во музејот под отворено “Неолитско село” се […]

МВР предупредува за нова измама со наводна криптовалута

мај 19, 2020

Бидете внимателни – има нова измама со наводна криптовалута, предупредува Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика (СККДФ) при МВР. Преку социјалните мрежи или преку електронска пошта измамници им испраќаат на македонските корисници линкови до лажна веб-страница, на која која се ветува лесна заработка со купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина. Со кликнување на […]

Повеќе од 200 бесплатни филмови на онлајн видеотеката „Синесквер“

април 6, 2020

Дистрибутерската куќа „Катавеј“ од Скопје се приклучи во кампањата #СедиДома, овозможувајќи колекција од повеќе од 200 бесплатни филмови онлајн преку сопствената домашна онлајн видеотека „Синесквер“ (Cinesquare). „Во време кога вратите на кината остануваат затворени во догледен период и препораките сите да останат во своите домови во обид да се спротивставиме на ширењето на корона вирусот, […]

Граѓаните потрошиле 169,2 милиони евра онлајн, се зголемува довербата кон домашните продавници

април 6, 2020

Согласно податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на веб-страницата на Народна банка, бројот и вредноста на реализирани онлајн нарачки и купувања во текот на минатата година покажува дека, е-трговијата во земјава е во пораст, се вели во анализата на Филип Чижбановски, в.д. претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија. Во неа се […]

До 10.000 евра поддршка за дигитални решенија за справување со последиците од корона вирусот

март 19, 2020

Креативни алатки и решенија за онлајн и интерактивни активности или анимација наменети за различни категории на граѓани се предлог проекти со кои може да се аплицира на новиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој – Креатон, информираат од фондот. Аплицирањето почнува денес, а рокот за поднесување на предлог проектите е до 22 […]

МНТ од утре ќе емитува претстави на нивниот Јутјуб канал

март 17, 2020

Македонски народен театар ќе емитува неколку претстави од нивниот репертоар на нивниот Јутјуб канал од утре со почеток од 20 часот. Преставите се со следниот редослед „Сомнително лице“ (18 март), „Изгубени Германци“ (19 март),  „Парите се отепувачка“ (20 март), „Да тргнеме Сењор“ (23 март) и „Мајсторот и Маргарита“ (24 март). „Останете дома, почитувајте ги препораките, […]

Да се дигитализира наставата за време на корона вирусот во земјава

март 13, 2020

Не е решение само да се донесе одлука за прекин на наставниот процес во училиштата. Учениците треба да учат и во вонредни услови, вели наставникот Сатки Исмаили, кој бара под итно да се воспостави практиката на онлајн настава. И средношколците се согласуваат со овој предлог, а од Министерството за образование и наука (МОН) посочуваат дека […]

Рапидно растат онлајн плаќањата: Лани вкупно 133,7 милиони евра – за 18 отсто повеќе од 2017-та

април 1, 2019

Граѓаните лани потрошиле вкупно 133,7 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 23,8 милиони евра (17,8 проценти) во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Дури 64 отсто од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, […]

ЕУ ја одобри контроверзната Директива за авторските права на Интернет

септември 12, 2018

Европскиот парламент гласаше за Директивата за авторски права, контроверзниот закон кој има за цел да ги ажурира законите за авторски права онлајн. Директивата првично беше одбиена од страна на европарламентарците во јули по критиките за две клучни одредби: членовите 11 и 13. Сепак, во парламентот ова утро, беше усвоена ажурирана верзија на директивата, заедно со […]

Елена Трифуновска: Не треба да се меша говорот на омраза со клеветата и навредата

април 27, 2018

Станува тренд да се пријавуваат дискриминацијата и говорот на омраза во онлајн сферата за да се спречи да се развиваат, но важна е и техничката неутралност. Поточно, колку брзо се развива информатичката технологија, исто толку брзо треба да се развиваат и да се приспособуваат и тие механизми, но едукацијата на корисниците не ја следи секогаш […]

Во Охрид се одржува конференција за сузбивање компјутерски криминал

јуни 13, 2016

Со учество на повеќе од 80 кривични судски претставници, експерти за компјутерски криминал, претставници од финансиските институции и даватели на услуги, од денеска во Охрид се одржува Конференција за сузбивање на компјутерски криминал (iProceeds.) Целта е да се договорат конкретни чекори што треба да се преземат за посилна јавно-приватна и меѓународна соработка за подобрување на финансиските истраги […]

Повеќе од еден милион интернет-претплатници на „Њујорк тајмс“

август 6, 2015

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ соопшти дека бројот на неговите дигитални претплатници првпат надмина еден милион. Весникот стигна до милион претплатници за околу четири и пол години, откако почна да наплатува за претплата на своето дигитално издание. „Тајмс“, исто така, има 1,1 милион претплатници на печатеното издание. – Ова е потврда за нашето посветено работење, како и […]

Страна 1 од 2