fbpx

Бучавата од сообраќајот во Скопје и во Битола е до два пати поголема од дозволеното

Бучавата од сообраќајот предизвикува намалување на продуктивноста на работа, предизвикува вознемиреност и стрес, но доведува и до нарушување на спиењето, хипертензија и други сериозни пореметувања

-

Граѓаните од Скопје и Битола се соочуваат со дури два пати поголема бучава од сообраќајот во споредба со дозволените рамки. Покрај тоа што ги остава без сон, преголемата бучава може да предизвика нарушувања на психичката и физичката состојба. Мерењата на бучавата што ги направија од Техничкиот факултет во Битола покажуваат измерени вредности далеку поголеми од законските ограничувања на сите локации во Скопје и во Битола.

Најголеми вредности од 111 децибели, односно двојно повеќе од дозволеното според актуелниот правилник, биле регистрирани кај Градската болница, Педагошкиот факултет и училиштето „Војдан Чернодрински“ во Скопје. Експертите предлагаат повеќе мерки за намалување на бучавата, вклучувајќи го воведувањето на зони со брзина на движење од 30 километри на час, поставување на издигнати пешачки премини, изградба на кружни крстосници, забрана на движење на камиони во текот на ноќта и изведба на заштитни ѕидови од бучава.

– Една мерка сама по себе не е доволна за значајно намалување на бучавата. Потребно е мерките да се комбинираат и да се спроведуваат чекор по чекор. Ова значи дека може да се започне со економски прифатливи мерки како што се редукција на брзината или забрана за товарни возила – потенцира Бети Анѓелевска, професорка од Техничкиот факултет во Битола.

Експертите предупредуваат дека преголемата бучава од сообраќајот може да предизвика сериозни проблеми кај луѓето, како што е намалување на продуктивноста на работа, вознемиреност и стресни реакции, нарушувања на спиењето, хипертензија и други сериозни пореметувања.

Според Светската здравствена организација, бучавата од сообраќајот е втор најголем проблем во животната средина во ЕУ, по загадувањето на воздухот.

Денешната презентација на резултатите од мерењето и предложените мерки против бучавата во Скопје и во Битола се организираа како дел од кампањата за подобра животна средина „Не Игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила...
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download xiomi firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy course