fbpx

Општинската администрација пораснала двојно од 2011 година (инфографик)

Темпото на вработување во единиците на локална самоуправа оттогаш се удвоило, па за пет години локалната администрација се зголемила за 67 отсто, или за 22 отсто годишно

-

Локалната самоуправа има двојно повеќе вработени отколку во 2011 година, покажува споредбата на два документи од Министерството за локална самоуправа и од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Динамиката на вработување во општините се удвоила по 2013 година, од кога бројот на вработени во просек годишно расте за 22 отсто.

Според Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2015-2020 на Министерство за локална самоуправа, во 2011 година во општините биле вработени 2.792 лица, а нивниот број на крајот на 2018 година бил 5.738, покажува Годишниот извештај за податоците од регистарот на вработените во јавниот сектор за 2018 година на МИОА.

– Вкупниот број на вработените во општинската администрација во 2013 година е 3427, што е за 635 вработени, односно 8 отсто повеќе, споредено со 2011 година – стои во Програмата за одржлив развој. Инаку, и покрај наводот во документот, според математичка формула, зголемувањето било за 22 отсто, или 11 отсто годишно.

Темпото на вработување во единиците на локална самоуправа оттогаш се удвоило, па за пет години локалната администрација се зголемила за 67 отсто, или за 22 отсто годишно.

– Во единиците на локална самоуправа вкупно се вработени 5,738 лица, распоредени во две групи, административни службеници (државни) и помошно-технички лица. Дополнително во планските региони има вработени 45 лица кои заради неусогласеност на материјалниот закон и недефинираниот статус на планските региони се вработени и правата ги остваруваат согласно Законот за работните односи – наведено е во Годишниот извештај за податоците од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018.

Најголем број вработени во општинска администрација на 1.000 жители има општина Македонски Брод (11.26), а најмал Арачиново (0.60).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот, половина од мерните станици не работат

Скопје е повторно меѓу десетте градови со најзагаден воздух во светот. Вредностите на ПМ 10 честичките денеска, според страницата IQAir, се оценети со 153 на скалата на AQI индексот...