fbpx

Новите 12 возила за итна помош ќе бидат предадени в четврток

-

До 11 април, Министерството за здравство ќе ги прими, а потоа и ќе ги распредели сите 12 нови возила за итна помош, за кои потпиша договор во декември со компанијата „Аутомотив Груп“, која победи на тендерот, пренесува „Порталб“.

„Возилата пристигнуваат по две, а до 11 април веруваме дека ќе пристигнат сите”, објаснуваат од Кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче.

Во тек е изработката на физибилити студија за службата за Итна помош во земјава, односно за нејзино функционирање по принцип на јавно-приватно партнерство. Иако на 29 март истече рокот од 60 дена таа да биде изработена од ангажираната компанија “БАСМЕ-КТ“, како што известија од кабинетот на Филипче, таа сè уште не е завршена.

– Физибилити студијата е во фаза на изработка, а по завршувањето таа ќе биде презентирана во јавноста. За изработката на предметната физибилити студија произлезе дека е потребно повеќе време од предвиденото во тендерската документација, и поради тоа е потпишан анекс на договорот во однос на рокот, со цел да се добијат точни податоци за фактичката состојба. Поконкретно, физибилити студијата е предвидено да даде осврт на фактичката состојба, правните и економските аспекти, предлог модели за подобрување на состојбите, предлог одлука за почнување постапка, основни постулати на тендерска документација и предлог модел на договор, како и заклучни согледувања – велат од кабинетот на министерот Филипче.

Анализата предизвика бројни реакции во јавноста, и се критикуваше како обид да се приватизира Итната помош.

Анализата што ја направи „Порталб“ за Итната помош во земјава, покажа дека во некои градови има многу амортизирани и застарени амбулантни возила, а бројот на медицински екипи и амбулантни возила не е соодветен со бројот на населението, како што е случај во Кичево, Пробиштип, Куманово, Гостивар, Кочани и Дебар. Според податоците, во текот на 2018 година шест милион денари се потрошени за одржување на 40 амбулантни возила, во осум здравствени домови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...