fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Бројот на возила расте 10 пати побрзо од бројот на паркинг места (инфографик)

Наместо со засилено темпо да го решаваат проблемот со паркирањето, општинските власти и одговорните државни институции со текот на годините го намалуваат бројот на објекти за паркирање со кои тие директно управуваат. Сето ова се случува во период кога бројот на регистрирани патнички возила во земјава значително расте од година во година. Во последниве пет години бројот на новоотворени паркинг...

Нуредини: Тендерот за линданот во ОХИС не пропаднал, туку е само продолжен

Меѓународниот тендер за линданот не пропаднал, тој е продолжен до 16-ти декември од УНОПС за да се даде повеќе време за повеќе компании да покажат интерес за учество на тендерот, информираше денес министерот за животна средина Насер Нуредини. Очекуваме, додаде тој, да бидат презентирани иновативни идеи за чистење и ремедијација на малата депонија со линдан во апликациите на меѓународните...

Во приватниот ОХИС државата немала ингеренции за другите отрови, само за канцерогениот линдан

Освен за линданот, Министерството за животна средина не било инволвирано во процесот на чистење на ниедна друга опасна хемикалија од кругот на ОХИС, бидејќи некогашниот хемиски гигант сега претставува приватна сопственост. Ова на денешната прес конференција во Министерството, по петочниот инцидент, во кој истече непознато количество на метил акрилат мономер помешан со вода, го соопшти министерот за животна средина...

Државните ревизори откриваат хаос во работењето на општина Струга

Сметката на општина Струга е блокирана од август 2010 година по основ на судска пресуда од Основниот суд Струга по одобрен кредит од 2000 година на „Проаква Струга“ во вкупен иснос од 3,7 милиони евра, откриваат Државните ревизори во извештајот за работењето на општината во текот на 2018 година. Бил предвидено кредитот да се отплати до јули 2015 година, а...

Собранието е најмалку транспарентно во финансиите

Финансиската транспарентност е најслаб сегмент во спектарот информации што македонското Собрание ги објавува на својата веб-страница, заклучува анализата на отвореноста на Собранието на „Метаморфозис“ спроведена во рамки на проектот „ActionSEE“. Индикаторите за отвореност во поглед на државниот буџет се зголемиле за 11 отсто, но изнесуваат само 38 отсто. „Собранието има пракса да го објавува предлог буџетот на државата, но не...

И по пет месеци, тендерот за пругата кон Бугарија заглавен во предквалификација

По пет месеци од прашањата коишто „Мета.мк“ ги постави, нема промени во актуелниот тендер за реализацијата на втората фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека постапката за избор на изведувач сѐ уште е во фазата на предквалификација, така што допрва ќе се знае кои градежни компании ќе влезат во втората...

Аднан Ќахил одамна предупреди дека дел од отровните супстанци во ОХИС може да протечат

Екс-министерот без ресор во владата на премиерот Заев, Аднан Ќахил, кој беше член на работната група за справување со проблемот со линданот, а воедно и поранешен главен инженер во ОХИС, уште на почетокот на годинава во интервју за „Мета“ предупреди дека во фабриката има многу отровни супстанции, кои можеби се добро складирани но тоа не значи дека не треба...

Хемискиот инцидент во ОХИС под контрола, уверуваат надлежните

Денешниот инцидент со опасната хемикалија метил акрилат мономер помешана со вода, во некогашниот хемиски гигант Охис во близина на Скопје, е саниран, тврдат надлежните од Министерството за животна средина и просторно планирање и Еко-центар 97, фирмата која работела на отстранувањето на хемикалијата депонирана во кругот на фабриката. „Поради дефект на вентилот протекла вода од перење на резервоарот, со мал...

Македонското Собрание под регионалниот просек на отвореност за граѓаните

Отвореноста на македонското Собрание за граѓаните е под регионалниот просек, покажува анализата на „Метаморфозис“ спроведена во рамки на проектот „ActionSEE“. Во истражувањето Собранието добило индекс на отвореност од 63 отсто врз основа на четири принципи: транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност. Во анализата се нагласува дека клучни елементи кои треба да ги подобри македонскиот, но и сите парламенти во регионот,...

На центарот на Скопје му фалат најмалку 4.000 паркинг места, велат од ПОЦ

Во центарот на Скопје има значително поголема побарувачка на места за паркирање во споредба со капацитетот на постојните паркиралишта. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), само во делот на паркинг зоните со кои стопанисува, во моментов забележува недостиг на 4.030 паркинг места. Од ова јавно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека располагаат со 5.173 обележани паркинг места на сите отворени и...

Рокот за тендерот за отстранување на линданот од ОХИС е продолжен до 16 декември

На барање на понудувачите, меѓународниот тендер објавен на 15 минатиот месец за избор на технологија за отстранување на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС во Скопје, кој требаше да биде затворен на 11 овој месец, е продолжен до 16 декември годинава. „На барање на потенцијалните понудувачи, Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) го продолжи...

Иако беше ветен, националниот портал за е – услуги сè уште не е подготвен

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вети дека новиот национален портал за електронски услуги ќе биде пуштен во употреба уште на почетокот на октомври, но тој сè уште не е готов. Според најавите, порталот за електронски услуги ќе биде готов до крајот на месецот, пишува „Порталб.мк“. - Порталот за електронски услуги ќе биде пуштен во употреба до крајот...

Почна реконструкцијата на Централната лабораторија на МЖСПП

Министерство за животна средина и просторно планирање почна со уредување опремување на Централната лабораторија на Министерството, кое треба да му претходи на процесот на акредитација. Деновиве е објавен оглас за јавни набавки во вредност од 41 илјада евра за изведување на работи на Реконструкција и адаптација на просториите на Централна лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање. Процесот...

Во Охрид, Дебар и Гевгелија се трите најнетранспарентни судови во Македонија (инфографик)

Основните судови Охрид, Дебар и Гевгелија се судовите кои најмалку ги исполниле показателите за пристапност, совесност, интегритет и транспарентност. Ова го покажува истражувањето на ACTION SEE,со кое беше измерено нивото на отвореност на институциите во текот на 2016/17/18 година,  а се заснова на горенаведените индикатори. Во 2016 година, најзатворен, односно најнетранспарентен суд бил Охридскиот, кој исполнил само 24,78% од индикаторите. Во...

Во екот на загадувањето на воздухот, се заборава за проблемот со отпадните води

Во период кога јавноста е преокупирана со загадувањето на воздухот речиси незабележано поминуваат новите податоци на Државниот завод за статистика за проблемот со испуштањето на отпадните води кои покажуваат дека во нашата држава поголем дел од нив непречистени се испуштаат во реките и во природата. Од вкупно 110 милиони кубни метри отпадни води дури 80 милиони непречистени завршиле во реките...

Судовите во Македонија се затворени за јавноста, не ги исполнуваат условите за транспарентност (инфографик)

Три години по ред судовите во Македонија покажуваат слаби резултати во областа на отвореноста на институциите, односно тие се затворени, исто како и судовите на државите од регионот, покажува истражувањето на проектот „ACTION SEE“ коешто го измерило нивото на отвореност на институциите за 2018 година. „Нивото на отвореност на судовите во Северна Македонија за 2018 година е само 43 отсто....

Хронологија на еден неславен рекорд: 25 години тргни – застани на пругата кон Бугарија

Изградбата на железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија е своевиден рекордер по нереализираните ветувања кај капиталните проекти од инфраструктурата. Со своја историја на неуспешни обиди за изведба, оваа пруга влече неславна историја уште од крајот на деветнаесеттиот век. „Мета.мк“ се обиде да ја прикаже хронологијата на неуспехот на изградбата на пругата меѓу Куманово и Деве Баир единствено во годините од...

Уште едно невакцинирано дете заболе од морбили, епидемијата сѐ уште е на сила

Изминатата недела регистриран е уште еден нов случај на мали сипаници, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Стамува збор за детенце од Скопје, од возрасната група од една до четири години. Епидемијата на територијата на државата сѐ уште трае, а ќе се прекине ако има два последователни термини од вкупно 42 дена кога нема да има нов сомнителен...

Конкуренцијата ги тера банките да ги намалуваат каматите на кредитите

Олеснување на кредитните услови за граѓаните има во третото тримесечје од 2019 година, кое е поизразенo во споредба со претходните три месеци, покажуваат податоците од најновата анкета за кредитната активност на Народната банка. Од факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити, конкуренцијата од другите банки и натаму е фактор со најизразено влијание врз олеснувањето на условите за одобрување...

Железница предвидува два патнички воза помалку во возниот ред за 2020 година

Наместо зголемување на бројот на патнички возови, догодина е можно да сообраќаат помалку патнички возови во земјава. Според постојниот Нацрт - возен ред за 2020 година, од 15 декември би сообраќале по два воза помалку од железничката станица Скопје. Експресниот воз „Хераклеа“ на релација Скопје - Битола - Скопје е отстранет од возниот ред за наредната година. Оваа најбрза...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...