fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

„Макпетрол“ ќе ѝ го продаде на Владата својот дел од сопственоста на „ГА-МА“

„Макпетрол“ АД Скопје и македонската Влада побараа медијација во Центарот за решавање на спорови на Енергетската заедница заради конечно, законито и правично регулирање на своите сопственички односи во „ГА-МА“ АД Скопје, во согласност со Законот за енергетика и со Третиот енергетски пакет, кој е инкорпориран во Законот, соопшти „Макпетрол“ преку Македонска берза. „Со целосна поддршка од Енергетска заедница, постигната e...

Екологистите по средбата со Пендаровски: Граѓански протест и бојкот на избори ако не се реши загадувањето

Доколку не се превземат итни мерки за справување со тешката состојба во која се наоѓа животната средина во државата, ќе ги искористиме сите демократски права и средства во борбата за заштита на нашето уставно загарантирано право на здрава животна средина и покрај досегашните форми на организиран протест, блокади, ќе повикаме и на граѓанска непослушност, бојкот на избори и други...

Наместо нови директори, повеќе пари за „обезглавените“ институции во новиот буџет

Како се планираат буџетите на државните институции и како се одлучува кој ќе добие помалку, а кој повеќе средства е прашање што заслужува внимание откако Владата во предлог-буџетот за 2020 година им додели повеќе пари на три институции кои поради политички несогласувања подолго време се без директори, покажува новото продолжение од анализата на „Мета.мк“ на предлог-буџетот за 2020 година...

Многу повеќе пари за патни трошоци, договорни услуги и привремени вработувања во буџетот за 2020 година

Владата во предлог-буџетот за 2020 година предвидела 924 милиони денари или околу 15 милиони евра за патни и дневни расходи што е зголемување за 5,3 милиони евра во однос на годинашниот буџет во кој за оваа намена се одвоени 599 милиони денари (9,7 милиони евра), утврди „Мета.мк“ во второто продолжение од анализата на новиот предлог-буџет. Освен патните и дневните расходи,...

Анѓушев: Изградбата на интерконекторот кон Грција е важен заради квалитетна понуда на гас

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој вчера учествуваше на Самитот во Солун рече дека е важно да го изградиме интерконекторот спрема Грција за да можеме да се приклучиме на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море. „Сега сме практично приклучени преку една точка на гас во Бугарија и ова ќе ни...

За загадувањето ќе расправа Советот за безбедност, Пендаровски ги поддржа еко-активистите

Заштитата на животната средина за првпат ќе биде точка на дневен ред на седница на Советот за безбедност којашто ќе се одржи кон средината на декември и на седницата ќе се вклучат и претставници на граѓанските организации. Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе ја врати Стратегијата за одбрана во постапка, за во неа да бидат вклучени точки и мерки...

„Ана знае да се ориентира во училишниот двор…“: Полугодишните оценки во 4-то, 5-то и 6-то одделение ќе бидат описни

Наместо бројчани, оценките што ќе ги имаат учениците во четврто, петто и во шесто одделение ќе бидат описни. Тоа значи дека наместо оценка во форма на бројка, секој ученик по секој предмет ќе добие напишан текст кој ќе го опише неговото постигање, знаење и умеење во текот на целото полугодие. Оваа пракса е сменета од оваа година откако е тоа...

Сите ревизии нашле прекршувања на законите и неисправно финансиско работење на јавните претпријатија (инфографик)

Секој ревизорски извештај за работа на јавно претпријатие во минатите пет години укажал на прекршувања на законите и регулативите, а ниеден не дал позитивно мислење за финансиското работење, утврдила анализата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје. ИДСЦС ги анализирал сите извештаи на Државниот завод за ревизија за јавни претпријатија во последните пет години, кои се вкупно 16,...

Ќе се изготвува проектот за изградба на мултимодален транспортен хаб во Трубарево

Постојната главна товарна железничка станица во Скопје (Ранжирна - Скопје југ) кај селото Трубарево во иднина треба да постане мултимодален јазол што ќе служи како централен хаб при транспортот на стоки во земјава. Тендерот за изработка на проектната документација за изградба на мултимодалниот јазол треба да биде објавен наредниот месец, се вели во информацијата од Министерството за финансии објавена...

Во новиот буџет има 53 милиони евра за поголеми плати во администрацијата

Владата во буџетот за 2020 година одвои 30,6 милијарди денари или околу 497 милиони евра за исплата на плати и надоместоци во администрацијата, што е зголемување за 325 милиони денари или 53 милиони евра во однос на буџетот за 2019 година каде за оваа намена се предвидени 27,3 милијарди денари или околу 444 милиони евра, покажува анализата на „Мета.мк“...

Министерството ќе ја чисти депонијата во Шуто Оризари, жителите прашуваат дали Дудуш пак ќе ја полни

Депонијата во Шутка, за која редовно пишуваат „Портал.мк“ и „Мета.мк“, е вклучена во списокот на трите диви депонии на територијата на Општина Шуто Оризари што ќе се исчисти во рамките на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање. Спорната депонија е означена како RAIL 057 во документот „Регионален план за управување со отпад“ од 2016 година, пишува „Порталб.мк“....

Пругата кон Албанија ќе поскапи за 100 милиони евра ако се препроектира

Работната група за постапување по забелешките на УНЕСКО во моментов работи на предлог - решенија за железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија. Од владата за „Мета.мк“ информираат дека финалното решение околу трасата на пругата Кичево - Лин ќе биде усогласено со препораките на УНЕСКО. - Во предлог - решенијата се инкорпорирани еколошките мерки кои треба да се преземат и меѓународни...

Правливата улица во Тетово и новиот мерач во Гази Баба виновници за „пиковите“ на аерозагадување

Реконструкција на локална улица во Тетово, во близина на станицата за мерење на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина е најверојатната причина за зголемените концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот во овој град, се вели во информацијата објавена на сајтот на МЖСПП. Според неа, откако изминативе денови мерната станица во Тетово, лоцирана во дворот на основното...

Продадени над 11.600 картички и тагови за патарина, наскоро и пост – пејд плаќање

За период од четири месеци, возачите набавиле 11.615 М - карт и М - таг електронски уреди за плаќање патарина. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека за еден месец треба да завршат консултациите со банките, по што ќе биде пуштено во функција и пост - пејд електронското плаќање на патарина. Во септември и октомври годинава биле...

Заев: Гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар ќе биде готов во 2020 година

Изградбата на гасоводот на делницата Скопје-Тетово-Гостивар, во должина од 76 километри е во полн ек и целосно ќе биде готов во 2020 година, информираше премиерот Зоран Заев по завршувањето на 165. седница на Влада која се одржа во Тетово, а на која присуствуваа градоначалниците од тој регион. „Со овој проект вреден 29 милиони евра ќе го доведеме гасот до граѓаните...

Врховниот суд – полузатворена институција за јавноста (инфографик)

Врховниот суд исполнува само половина од индикаторите за достапност, одговорност, интегритет и транспарентност. Така покажува истражувањето на ActionSEE, кое го мери нивото на отвореност на институциите во периодот 2016 - 2018 година и врз основа на истото ги утврдува горенаведените индикатори. Како што може да се види во инфографикот, во текот на 2016 година, Врховниот Суд има исполнето 55,61 отсто...

Голем број од општините сè уште се затворени како „црни кутии“

Локалната власт во нашата земја исполнува само 25 отсто од индикаторите за отвореност, анализирани по областите транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност. Оваа просечна оцена, која е значително под просекот во регионот, покажува ниско ниво на ангажираност и посветеност на општините на исполнување на стандардите за отвореност. Ова е еден од главните наоди во студијата што ја подготви Фондацијата за интернет...

Депонијата Шутка се „одржува“, Министерството повикува на расчистување на три диви депонии (ФОТО)

Депонијата во Шуто Оризари во моментов ја „одржува“ инспекторатот од оваа скопска општина, а за темелно чистење и озеленување ќе треба да се обезбедат повеќе средства. Од друга страна, Министерството за животна средина и просторно планирање распиша оглас за јавни набавки за чистење на 33 диви депонии низ целата територија на  Македонија, од кои три се на територијата на...

Министерството за транспорт и врски соочено со тужби „тешки“ 8,3 милиони евра

Во однос на истиот лански период номинално е зголемена за 0,1, а реално за 0,4 отсто
Министерството за транспорт и врски се јавува како тужена странка во 46 судски постапки во кои се побарува наплата на вкупна сума од 511 милиони денари или околу 8,3 милиони евра, откриваат државните ревизори по контролата на работењето на Министерството во минатата година. Станува збор за судски постапки покренати за наплата на основен долг, надомест на штета, раскинување договор, работни...

„Еко Центар 97“ ги чистел опасните хемикалии во ОХИС по тендер од стечајниот управник, Маринко Саздовски

Компанијата „Еко Центар 97“ која се најде во центарот на инцидентот со излевањето на опасна материја (метил акрилат мономер) во кругот на ОХИС, тендерот за чистење на хемикалиите го добила уште во април минатата година, соопштија од Министерството за животна средина (МЖСПП). Според нив, тендерот бил објавен на 11.04.2018 година од страна на стечајниот управник на АД ОХИС, Маринко Саздовски. „Министерството...