fbpx

Во новиот буџет има 53 милиони евра за поголеми плати во администрацијата

-

Владата во буџетот за 2020 година одвои 30,6 милијарди денари или околу 497 милиони евра за исплата на плати и надоместоци во администрацијата, што е зголемување за 325 милиони денари или 53 милиони евра во однос на буџетот за 2019 година каде за оваа намена се предвидени 27,3 милијарди денари или околу 444 милиони евра, покажува анализата на „Мета.мк“ на предлог-буџетот за следната година, која ќе ја објавиме во неколку продолженија.

Податоците откриваат дека зголемувања се предвидени кај основните плати, а соодветно на тоа и кај придонесите, додека минимално намалување има кај надоместоците.

Инаку, буџетот за 2020 година има проектирана приходна страна од 222, 3 милијарди денари (3,6 милијарди евра), што претставува пораст од 5,6 отсто споредено со оваа година. Кај расходната страна на буџетот планиран е пораст од 5 отсто во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 239,7 милијарди денари (3,8 милијарди евра).

Министерката за финансии Нина Ангеловска при презентацијата на предлог-буџетот рече дека станува збор за реален буџет, кој што ги лоцира приоритетите и ги алоцира парите на граѓаните онаму каде што ќе дадат најдобар ефект и резултати.

„Како што слушнавте од премиерот, овогодинешниот буџет е наменет за инвестиции во човечкиот капитал. Би сакала малку да објаснам што подразбираме под тоа.Како земја, сме исправени пред најголемиот предизвик: како да ги задржиме нашите граѓани во земјата, како да им понудиме подобри услови и да ги направиме посреќни и помотивирани на нивните работни места? Иако не сме единствена земја во оваа ситуација и со ваквиот предизвик се соочуваат и земјите од регионот, сепак, со измерен индекс на човечки капитал (Human Capital Index, кој го пресметува Светска Банка) од 0.53, свесни сме дека заостануваме дури и зад нашите соседи. Индексот од 0,53 значи дека, секој млад човек, кој се раѓа, живее и се едуцира во нашата земја има услови за да испорача само 53% од својот потенцијал, односно од целосниот потенцијал што го има млад човек кој се развива во здрава средина со квалитетно образование и услови за живот“, изјави Ангеловска.

Таа додаде дека е насочен кон луѓето и кон подобрување на условите во кои што луѓето ќе можат да исполнат што повеќе од својот потенцијал.

Бројките од предлог-буџетот покажуваат дека вработените во администрацијата би требало наредната година вистински да го покажат својот потенцијал со оглед на тоа што е предвидено драстично зголемување на нивните плати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...