fbpx

Заев: Гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар ќе биде готов во 2020 година

-

Изградбата на гасоводот на делницата Скопје-Тетово-Гостивар, во должина од 76 километри е во полн ек и целосно ќе биде готов во 2020 година, информираше премиерот Зоран Заев по завршувањето на 165. седница на Влада која се одржа во Тетово, а на која присуствуваа градоначалниците од тој регион.

„Со овој проект вреден 29 милиони евра ќе го доведеме гасот до граѓаните и компаниите во Гостивар и Тетово со што значително ќе влијае на намалување на трошоците на бизнисот и домаќинствата. Гасот, заедно со другите мерки за намалување на загадениот воздух, како што се субвенциите за клима инверторите, програмата за субвенционирање на филтри за прочистување на штетните емисии на гасови кај малите и средни компании, и повеќе други, е нашиот придонес за решавање на ова прашање“, изјави Заев.

Во предлог-буџетот за 2020 година определени се 15 милиони евра против аерозагадувањето, преку нив 10.000 домаќинства ќе добијат инвертери за замена на грејните тела.

Во однос на заштитата на одредени национални паркови и подрачја, премиерот Заев оцени дека се стопирани и се преиспитуваат сите одлуки за кои постои сомнеж дека можат да наштетат.

„Ако треба државата во следните три години наместо да изгради 20 или 30 мали хидроцентрали, нека изгради од 10 до 15, но еколошки да биде заштитено подрачјето“, оцени премиерот Заев подвлекувајќи дека Владата транспарентно и внимателно ги следи сите реакции и презема конкретни мерки заедно со надлежните институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...