fbpx

Министерството за транспорт и врски соочено со тужби „тешки“ 8,3 милиони евра

-

Министерството за транспорт и врски се јавува како тужена странка во 46 судски постапки во кои се побарува наплата на вкупна сума од 511 милиони денари или околу 8,3 милиони евра, откриваат државните ревизори по контролата на работењето на Министерството во минатата година.

Станува збор за судски постапки покренати за наплата на основен долг, надомест на штета, раскинување договор, работни спорови, утврдување на надомест за експропоирани недвижности и други основи.

Истовремено, Министерството за транспорт и врски се јавува како тужител во 14 судски постапки по основ на поништување односно раскинување договор, долг, надомест на штета од кои побарува вкупна вредност од 151 милион денари или околу 2,4 милиони евра.

„Постои неизвесност од дополнително оптоварување на проценетиот износ со камати и судски трошоци кај судските спорови во кои Министерството за транспорт и врски е тужена страна, што може значително да влијае врз буџетот во идниот период“, укажуваат ревизорите во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...