“OK Boomer” – генерацијата Z го возвраќа ударот

OK Boomer (Ок Бумер) е најновото меме кое последниве месеци кружи низ генерацијата Z (1997-2012) и генерацијата миленијалс (родени 1981–1996). Младите ја користат фразата како одговор на постојаните критики од генерацијата бејби бумери (родени 1946–1964) кои со години наназад ги критикуваат младите дека се мрзливи, дека не сакаат да работат, дека се навредуваат за ситници (snowflakes), дека лесно може човек да ги извади од кожа (triggered) и т.н. Младите одговараат со оваа фраза во ситуации кога постара личност ќе каже нешто навредувачко или омаложувачко кон младите (condescending, patronizing), нешто од типот „ее, во мое време“ или нешто што покажува дека човекот не го разбира светот во кој живеат младите и ги критикува.

ОК бумер, во слободен превод би значело „Сум го слушнал/а истово милион пати и не ми се троши веќе енергија да се објаснувам, така што, ај, нека биде ок“.

Трендот се популаризираше на социјалната мрежа Tiktok по видеото во кое постар човек ги критикува младите.  Хаштагот #okboomer е број еден трендинг на оваа платформа. Фразата доби и популарност во мејнстрим медиумите одкако „Њујорк тајмс“ објави статија на оваа тема. Во парламентот на Нов Зеланд пратеничка од генерацијата миленијалс му се обрати со „ок бумер“ на постар пратеник кој сакал да го прекине нејзиниот говор за климатските промени. Ова видео стана вирално што исто така допринесе за популаризирање на фразата.

Фразата брзо наиде на бурни реакции и критики од страна на генерацијата бумери. Една од најзабележителните реакции беше реакцијата дека фразата „ок бумер“ е исто што и the n-word (nigger – црнец) и дека прави дискриминација врз база на возраст.

Овој твит брзо стана вирален, по што беше избришан. Следеа контра реакции како и објаснување од најпознатиот речник.