fbpx

Анѓушев: Изградбата на интерконекторот кон Грција е важен заради квалитетна понуда на гас

-

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој вчера учествуваше на Самитот во Солун рече дека е важно да го изградиме интерконекторот спрема Грција за да можеме да се приклучиме на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море.

„Сега сме практично приклучени преку една точка на гас во Бугарија и ова ќе ни овозможи да бидеме приклучени на други извори на гас и со тоа да се зголеми конкурентноста на гасот во нашата држава и да се развие тој бизнис. Знаеме дека интензивно се гради гасната мрежа низ државата, но тоа не значи ништо доколку нема квалитетна понуда на гас  од повеќе точки на испорака“, рече Анѓушев.

Според вицепремиерот економската соработка помеѓу Макеоднија, Грција и Бугарија  бележи позитивни резултати, особено во првата година по потпишување на договорите со овие две земји.

„Како резултат на овие договори трговската размена со Грција во 2018 година се зголеми за над 20 проценти, додека со Бугарија за над 15 проценри, а одреден пораст на соработката е забележан и во 2019 година. Зајакнувањето на политичката соработка, носи и економски бенефити за регионот“, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...