fbpx

Иако беше ветен, националниот портал за е – услуги сè уште не е подготвен

-

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вети дека новиот национален портал за електронски услуги ќе биде пуштен во употреба уште на почетокот на октомври, но тој сè уште не е готов. Според најавите, порталот за електронски услуги ќе биде готов до крајот на месецот, пишува „Порталб.мк“.

– Порталот за електронски услуги ќе биде пуштен во употреба до крајот на ноември. Тоа ќе биде национален електронски портал, во кој ќе бидат опфатени сите електронски услуги што постојат во земјата и дел од нив ќе бидат обезбедени во електронска форма“ – изјавија за „Порталб.мк“ од Министерството за информатичко општество и администрација.

Пред еден месец, во изјава за „360 степени“ министерот Манчевски објави дека порталот ќе биде пуштен во употреба на 15 ноември.

– На 15 ноември ќе го пуштиме во употреба новиот национален портал за електронски услуги. Досега бевме во фаза на инсталирање на хардверот, софтверот, податоците од други бази се консолидирани, што значи дека сè е подготвено. Засега ќе понудиме 50 услуги, односно услуги што најчесто ги бараат граѓаните, од Управата за водење на матични книги на родени, венчани и умрени, Централниот регистар, МВР… и сега ниту една институција нема да може да ја одбие електронската форма на издаден документ, и да побара документ на хартија. Според законот, тоа е документ потпишан и со печат, со “timestamp”, согласно сите меѓународни стандарди – вели Манчевски.

Инаку, во надлежните државни власти нудат над 1.300 услуги. На електронскиот портал за услуги, на самиот почеток нема да бидат достапни сите, но нивниот број постојано ќе се зголемува. Сите електронски услуги што ќе се обезбедат од институциите ќе бидат унифицирани на тој портал, а граѓаните ќе можат да ги обезбедат на едно место. Порталот беше најавен во март 2019 година.

Сè што треба да направат е еднаш да се регистрираат во системот, а тоа ќе можат да го сторат на два начина: Првиот е физички да посетат некој од овластените шалтери што ќе постојат на територијата на целата земја. Вториот начин е електронски, а ова граѓаните ќе можат сами да го сторат, без потреба физички да отидат во некоја институција.

По регистрацијата, секој граѓанин ќе може електронски да бара и да ги добие сите документи, кои ќе бидат правно валидни. Документите ќе се праќаат преку е – маил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...