fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Сѐ уште се возиме по илјадници километри локални патишта од земја и макадам (инфографик)

И во дваесет и првиот век, постојат стотици патишта во земјава по кои граѓаните сѐ уште возат по земја и макадам. Асфалт, бетон или коцка како коловоз имаат само 62,6 отсто од македонските патишта. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2018 година имало 4.191 километар земјени и непросечени патишта, додека на 1.251 километар се возело по...

„Шпекулации и невистини“, вели МЖСПП за обвинувањата дека се увезува отпад за горење

„Шпекулации и невистини“, категорично одговорија од Министерството за животна средина на зачестените споделувања на информации, фотографии и сомневања на социјалните мрежи за случаи на увоз, согорување и складирање на опасен отпад од странство и поврзувањето на ваквите случаи со енормното загадување на воздухот кое се случува секоја зима. „Мета,мк“ уште во март пишуваше за сомневањата на екологистите на оваа тема...

Спасовски: МВР заедно со инспекторите на терен ќе ги гони загадувачите

Полицијата заедно со инспекторите, најавија дека на терен ќе ги ловат загадувачите. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по координативниот состанок во владата со премиерот Зоран Заев, на кој покрај него присуствуваа и министерот за животна средина Насер Нуредини, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и инспекторатите за животна средина и на локалната самоуправа,...

Ноември дојде, хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз нема

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација. Од ЈСП - Скопје...

Вработување во јавниот сектор: Колку понепрецизни норми, толку поголем простор за самоволие

Постои сериозна неконзистентност во легислативата за вработување во јавниот сектор, што остава голем простор за дискрециско одлучување, предупредуваат невладината „Транспаренси интернешнл - Македонија“ и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кои спроведуваат проект за проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување во јавниот сектор. Само во прелиминарната анализа на 19 закони, двете институции откриле 46...

Турците убедливо најбројни доселеници и странски туристи во земјава

Граѓаните на Турција се на врвот на листите на земји рангирани по број на доселени странци и по бројот на туристи од странство во Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Од вкупно 2.557 доселени странци во текот на минатата година 812 биле од Турција. Многу зад нив, на второто и третото место по бројот на доселени странци...

Со нов правилник за гранични емисии, инспекторите полесно ќе ги казнуваат загадувачите

Министерството за животна средина и просторно планирање ги усвои измените на правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови со кои се одредуваат ограничувањата на емитувањето загадувачки супстанци во воздухот од оџаците на стопанските објекти во државата. Тие деновиве стапија на сила откако беа објавени во Службен весник. Според овој правилник,...

Општините ќе се гасифицираат со кредити, концесии или јавни-приватни партнерства

Гасификацијата денес се реализира со повеќе од 83 проценти од планираното за годинава, одговори премиерот Зоран Заев денеска на пратенички прашања во Собранието. Тој информираше дека се работат двата главни коридора, коридорот Неготинo – Кавадарци и Прилеп – Битола и другиот, покрај Скопје, Tетово – Гостивар, а се извршуваат постапките за експропријација на Гостивар – Кичево. „Сите општини добија налог, замолница,...

Заев од Собранието ја потврди изградбата на трамвај во Скопје

На пратеничко прашање за загадувањето во Скопје поставено од Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев денеска од Собранието информираше дека владата ќе се вклучи во изградбата на електричен трамвај во Скопје. Првата трамвајска линија во главниот град би чинела околу 100 милиони евра. - Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 година, а постапката да ја почне...

Заев: За загадувањето на рапорт во владата Спасовски, Нуредини и инспекторите

Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети во општеството. Изминатава недела се соочуваме со нови подметнати пожари кои дополнително ја отежнуваат ситуацијата, се вели во писменото обраќање на премиерот Зоран Заев на неговиот официјален фејсбук профил, по повод зачестените инциденти на палење на шуми на повеќе локации низ државата, како...

Пропадна првиот, ќе се распишува втор тендер за изградба на монтажни гаражи на Клинички

Ниту една компанија не пројавила интерес за да ги гради двете монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар - Скопје. Од Министерството за здравство за „Мета.мк“ информираат дека ниту една понуда не пристигнала на јавниот оглас за доделување на договор за јавно - приватно партнерство, којшто беше распишан на почетокот од август годинава. Ова значи дека за неколку месеци ќе...

Само 7 години има најмладиот пациент со депресија во Македонија

Се помали се децата кои имаат симптоми и знаци на депресија, односно кај кои се јавуваат депресивни манифестации, предупредуваат детските психолози и психотеравпевти. Само седум години има најмладиот пациент со кој работи психологот Катина Павлоска во Центарот за ментално здравје на деца и младинци. Во Македонија не се води точна евиденција конкретно за оваа патологија. Според податоците на Светската здравствена организација...

Екологистите од Пендаровски и Заев бараат активирање на АРМ и МВР за справување со нелегалните огнови

Граѓанските здруженија за заштита на животната средина денес побараа од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Зоран Заев со активирање на војската и на полицијата да се справат со енормното загадување на воздухот. Повикувајќи се на уставно загарантираното право на здрава животна средина, активистите на „Скопје Смог Аларм“, „О2 Иницијатива“, „Еко Герила“, „Мој воздух“ и „Битола сака...

ДЗР: Државата недоволно одвојува за железнички превоз и инфраструктура

Владата преку надлежното министерство од годишниот буџет во 2018 година одвоила помалку средства од неопходните за нормално функционирање на железничкиот превоз и за одржување на пругите. Државниот завод за ревизија ја дава ваквата констатација во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2018 година на сметката на основен буџет (637) на Министерството за...

Привремените вработувања се траен влез во јавната администрација

Можноста за ангажирање лица преку агенции за привремени вработувања и за вработување на определено време масовно се користи за вработување ов јавниот сектор. Ова го потврдува и анализата на „Транспаренси интернешнл – Македонија“ и Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (ДКСК) во проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со...

На секои 36 часа ново вработување во локалната самоуправа

Заклучно со септември, годинава 192 вработувања биле реализирани во локалната самоуправа во земјава, покажуваат податоците на Агенцијата за администрација. Со оглед на тоа што се изминати 300 дена од годината, математиката покажува дека во локалната самоуправа било реализирано по едно вработување на ден и половина односно на секои 36 часа. Анализата на огласите за вработување покажува дека ваквиот тренд продолжува...

Балканот еколошките проблеми ги разбира само на хартија

Планот за справување со аероагадувањето е добар, но овој проблем не може да се реши краткорочно бидејќи има повеќе фактори како греењето на домовите, енергетската ефикасност, сообраќајот со кои треба да се справиме, изјави министерот за животна средина Насер Нуредини на маргините на конференцијата посветена на животната средина на Западен Балкан во организација на Асоцијацијата на чивнинг стипендисти во...

Автопат Кичево – Охрид: Од идеја до 600 милиони евра долг (хронологија)

Три и пол години доцнење во изведбата на проектот и негово поскапување за над 180 милиони евра е краткиот пресек од досегашната изградба на автопатот Кичево - Охрид. „Најголемата инфраструктурна инвестиција во земјава во последните пет децении“, помпезна најава искажана лично од поранешниот премиер Никола Груевски, претворена е во проект кој опасно придонесува за натамошен раст на надворешниот долг...

Околу 3 отсто од првачињата не се вакцинирани или немаат комплетен вакцинален картон (инфографик)

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), преку вонредна проверка, регистрирал 537 ученици во прво одделение кои ги немаат примено сите вакцини или имаат некомплетен вакцинален картон, што најчесто значи дека имаат примено вакцина, но не и ревакцина. Процентуално земено, тоа се нешто повеќе од три отсто од вкупниот број на првачиња, односно 16.856. !function(e,i,n,s){var t="InfogramEmbeds",d=e.getElementsByTagName("script");if(window&&window.initialized)window.process&&window.process();else if(!e.getElementById(n)){var o=e.createElement("script");o.async=1,o.id=n,o.src="https://e.infogram.com/js/dist/embed-loader-min.js",d.parentNode.insertBefore(o,d)}}(document,0,"infogram-async");Поединечно земено, од овие...

Тасева: Регулативата за вработување во јавниот сектор се крои по мерка

„Правилниците се прават по потреба. Ако тој што треба да го вработат е стоматолог, ќе го сменат правилникот за да го вработат“, вели Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнел - Македонија“, која денеска ги објави резултатите на прелиминарната анализа на легислативата за вработување во јавниот сектор. Во 19 анализирани закони и два подзаконски акта, „Транспаренси“ и Државната комисија за...