fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Со неакредитирана лабораторија загадувачите се невидливи за државата

Централната лабораторија на Министерството за животна средина, која постои уште од основањето на ова министерство во 1995 година, е замислена како важна алка во синџирот на заштита на животната средина која ќе утврдува постоење на загадувањето и на изворите на штетните емисии во воздухот, водата и почвата. Таа би требало да им помага на инспекциите во утврдувањето кој, колку...

Еден милион евра од буџетот за чистење на линданот во ОХИС

Владата донесе одлука да одвои еден милион евра од годинешниот буџет за чистење на малата депонија на канцероген линдан во кругот на поранешната хемиска фабрика ОХИС во Скопје. Овие средства се само мал дел од потребната инвестиција во справувањето со еколошката катастрофа, која се смета дека е најголемиот еколошки проблем во земјата. Во краткото објаснување на веб-страницата на владата се...

На Лешница природата страда, граѓаните и планинарите протестираат, ама малите ХЕЦ се градат

Лешница, алпската долина во срцето на шарскиот масив, заштитена со највисоките врвови на Шар планина – Титов врв, Бакрдан, Среден камен, Плат, досега посетувана најчесто од планинари, ловџии и љубители на природата, чиј заштитен знак се столетните елови и букови шуми, а низ неа тече и река Пена, како и Лешничка и Кривошиска река. Оваа природна убавина, досега речиси...

Некогаш хемичарите правеле врвни научни трудови, денеска немаат ни хемикалии за работа

Вработените и студентите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет денеска на протест го изразија своето незадоволство од лошите услови за работа. Според нив, состојбата на овој Институт никогаш не била полоша бидејќи немаат елементарни услови за работа на оваа високообразовна институција. - Сето ова е резултат на лошата поддршка и политики во високото образование во последните дваесетина години, а...

Македонија на европското дно според бројот на автомобили „по глава на жител“ (инфографик)

Сообраќајните гужви се секојдневие во Скопје и во останатите градови од земјава, но дел од статистичките податоци покажуваат дека бројката на автомобили што се движат во нашите градови допрва ќе расте. Нашата земја се наоѓа на самото европско дно со едвај 195 патнички автомобили на секои 1.000 жители изброени во 2017 година. Наспроти пресметката на Државниот завод за статистика, податоците...

Завршени 75 отсто од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид

Првите километри од автопатот Кичево - Охрид ќе бидат пуштени во употреба наредната година, додека целокупниот проект е предвидено да се заврши до 30 јуни 2021 година како краен рок за изведба на автопатот. Вкупниот прогрес на градежните работи на делницата во моментов е 75,42 отсто, а пробиени се околу 96 отсто од трасата. По одобрувањето на дополнителните средства за...

Нов тендер за автопатот Скопје – Блаце поради прескапа прва понуда

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Наредниве денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри. - До крајниот рок за доставување на понуди поднесена е една понуда која го надминува буџетот...

Од Национални шуми тврдат дека на Шара се сече плански, но дека можеби има и дрвокрадци

Тврдам дека она што е на сликите од исечените стебла на Шар планина кои деновиве беа објавени се трупци кои се исечени и обработени од страна на екипи на Национални Шуми - категоричен е во изјавата за „Мета.мк“ Зоран Ѓорѓиев, директор на ЈП Национални Шуми во врска со информациите и снимките на огромни количества исечена шума од пределот на...

Пруга до скопскиот аеродром постоела до 1980 година, на трасата денеска има само отпад

Скопскиот аеродром имал директна железничка врска до пругата Скопје - Куманово сѐ до 1980 година, кога престанала да функционира. Воeниот аеродром „Петровец“ преку оваа пруга се снабдувал со керозин за авионите, но по 1980 година во станицата Миладиновци бил изграден воен колосек и цевковод за пренесување на горивото до цистерните на аеродромот, ги потврдуваат за „Мета.мк“ овие информации од...

Секоја петта институција постои само поради директорската фотелја

Речиси една петина од институциите на јавниот сектор имаат помалку од 20 вработени, со што е невозможно да функционираат, и постојат за доделување функции на партиски луѓе, заклучува функционалната анализа на УНДП на јавната администрација, објавена во мај лани. Според последниот извештај од регистарот на вработени во јавната администрација, за 2018 година, македонскиот јавен сектор има 1.314 институции, од кои 23 немаат вработени,...

„Меѓаши“ изрази загриженост што невакцинираните деца се изоставени од образовниот процес, предлагаат алтернативни форми на образование

Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ изразија загриженост што денес има деца кои би требало да бидат прво одделение, а сѐ уште се надвор од образовниот систем поради непримени вакцини согласно календарот за имунизација. Оттаму апелираат владата да ја преиспита одлуката со која во училиштата може да се запишат само деца за кои ќе биде приложен доказ за вакцинација....

Објавен тендерот за чистење на токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС

Меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката ОХИС во Скопје е објавен вчера и се очекува да биде отворен до 11 ноември, информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД). Тендерот е објавен на официјалната веб-страна на УНИДО на следниот линк. Од МЕД наведуваат дека проектната Канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) во...

Задолжителното пензионирање ќе ја продлабочи црната дупка во ПИОМ

Ќе ја издржи ли Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) најавената владина мерка за задолжително пензионирање со навршени 64 години за мажи и 62 години за жени е прашање кое заслужува внимание имајќи предвид што, според податоците на Државниот завод за статистика заклучно со јуни, годинава во земјава имало 9.696 вработени лица на возраст поголема од 65 години. Со...

Нов пациент заболен од морбили го пролонгира крајот на епидемијата

Во периодот од 5 до 9 октомври, пријавен е нов сомнителен случај на мали сипаници. Пациентот за време на инкубација престојувал во странство и припаѓа на возрасната група од 20 – 29 години. Лабораториските испитувања се во тек, информираа во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од денот на појавата на нов случај, почнуваат да се бројат нови 42 дена кои...

Семејствата на жртвите од несреќата кај Ласкарци ќе бараат отштета

Семејствата на дел од загинатите и повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава, во која 16 луѓе ги загубија животите, а 37 беа повредени, се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и на денешното судење рекоа дека ќе бараат отштета. На следното рочиште закажано за 18 октомври ќе продолжи произнесувањето, кога треба да сведочат преживеаните патници. За...

„Еуромакс Рисорсис“ ја тужи државата за рудникот Иловица

„Еуромакс Рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд, откако Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ја потврди одлуката на Министерството за економија да му се одбие барањето за дозвола за експлоатација на „Еуромакс Рисорсис“, информираат од компанијата која досега беше концесионер на рудникот за бакар и злато Иловица во струмичко. „Ние сме...

И извештајот на УНДП укажува на административците кои воопшто не одат на работа

Стотина вработени во подрачните единици на Министерството за одбрана ја напуштиле јавната служба во минативе две години, информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска на минатонеделниот брифинг со новинарите. - Инсистиравме да одат на работа – едноставно објасни Шекеринска како Министерството спонтано се справило со вишокот во корпусот од 350 административци во подрачните, денес регионални, единици, чија работа некогаш беше, а...

„Левица“ ја обвинува власта за соучесништво во дрвокрадењето, Заев апелира да се пријави криминалот

Шар Планина со години е заглавена во лавиринтите за прогласување национален парк, додека јавноста секојдневно обзнанува нови докази за масовна и неконтролирана сеча, се вели во писмената реакција на партијата „Левица“, упатена до јавноста откако на социјалните мрежи осамнаа свежи снимки од уништена шума и огромни количества исечени дрва во најубавите предели на Шар Планина. „Нашите природни богатства се касапат...

Македонски инвеститори во странство имаат 337 милиони евра во акции и удели

Домашни инвеститори поседуваат сопственички капитал односно акции и удели во компании и фондови во странство вредни 337 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка за портфолио инвестициите на резидентите во странски хартии од вредност заклучно со 30 јуни, годинава. Инвестициите од нашата земја во странски хартии од вредност во 2016 година изнесувале 205 милиони евра, што значи дека во...

„Гранит“ ќе го проширува патот од Крива Паланка до Деве Баир

Деновиве ќе започне проширувањето на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Јавното претпријатие за државни патишта го потпишало договорот со „Гранит“ од Скопје за изведба на 13-те километри од трасата, со која ќе се обезбеди побрза патна врска меѓу Македонија и Бугарија. Проектот ќе опфати изградба на трета коловозна лента долж целата траса, реконструкција на постојниот коловоз...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...