fbpx

„Левица“ ја обвинува власта за соучесништво во дрвокрадењето, Заев апелира да се пријави криминалот

-

Шар Планина со години е заглавена во лавиринтите за прогласување национален парк, додека јавноста секојдневно обзнанува нови докази за масовна и неконтролирана сеча, се вели во писмената реакција на партијата „Левица“, упатена до јавноста откако на социјалните мрежи осамнаа свежи снимки од уништена шума и огромни количества исечени дрва во најубавите предели на Шар Планина.

„Нашите природни богатства се касапат секојдневно од организиран криминал што годишно остварува над еден милион евра, додека Министерство за внатрешни работи не презема ништо за откривање на сторителите. Единствено што функционира во Македонија е спрегата мафија-власт додека Владата единствено што нуди се скапи конференции и усвоени стратегии, без никаков реален ефект на терен,“ се истакнува во соопштението на партијата.

„Левица“ потсетува дека Министерството за животна средина и просторно планирање најави дека до крајот на 2019 година ќе биде прогласена за национален парк, иако тенденцијата покажува дека и оваа влада, по примерот на претходната, нема волја и интерес да го реши статусот на Шар Планина.

„Додека „Македонски шуми“ се третира како биро за вработување на партиски кадар, најмалку 500 илјади кубни метри дрва годишно се набавуваат незаконски, од дивата сеча се заработува над 25 милиони евра годишно, или во изминатите 20 години, овој нелегален бизнис вредел речиси две милијарди евра“, сметаат од оваа партија и потсетуваат дека во последните 16 години е направена штета по шумите низ Македонија која нема да може да се надомести во наредните 60 години.

На темата на крадењето на дрва на последната прес-конферениција на која се промовираше владината мерка- субвенционирањето на инвертери за 10 илјади македонски семејства минатата среда се осврна и премиерот Зоран Заев, кој ги повика граѓаните да ги пријавуваат случаите на незаконска сеча и продавање на крадени дрва.

Откако го соопшти податокот дека еден милион и сто метри кубни дрва кои се користат како огревно дрво во државата или околу 40 проценти од вкупното количество се од дрвокрадци и беше прашан од новинарите зарем не смета дека е лицемерно самото споменување на ваков податок кога државата очигледно ништо не прави за да го спречи овој криминал, Заев со став:

„Сите знаеме дека состојбата е лоша, но сепак можам да кажам дека контролите се засилени, се набавуваат возила за потребите на шумската полиција, нивно опремување и кадровско доекипирање. Оваа појава е негативна, освен што е незаконска, таа поттикнува нелојална конкуренција и придонесува за загадување на воздухот“.

Тој рече дека случаите на крадење на дрва се процесуирани пред судовите и дека се одземаат самари, запрежни коли, трактори, а на реакциите на новинарите дека дрвокрадците носат крадени дрва со камиони па дури и шлепери, премиерот одговори:

„Ако имате горчина во душите поради ова, како што ве гледам дека реагирате тука, тогаш апелирам и до вас и до граѓаните да ги пријавувате случаите на дрвокрадење“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...