fbpx

И извештајот на УНДП укажува на административците кои воопшто не одат на работа

-

Стотина вработени во подрачните единици на Министерството за одбрана ја напуштиле јавната служба во минативе две години, информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска на минатонеделниот брифинг со новинарите.

– Инсистиравме да одат на работа – едноставно објасни Шекеринска како Министерството спонтано се справило со вишокот во корпусот од 350 административци во подрачните, денес регионални, единици, чија работа некогаш беше, а формално уште е, да ја водат локалната воена евиденција, да вршат мобилизација и да упатуваат граѓани на служење воен рок или на вежби на резервниот состав.

Состојбата дека дел од јавната администрација воопшто не се појавува на работно место, а зема државна плата, е нотирна и во Извештајот за резултатите од мапирањето на институциите од јавниот сектор, фунцкионална анализа и препораки за започнување на процесот на реформа на јавната администрација, нарачан од УНДП како помош за реформите, а објавен во мај лани.

„Во меѓувреме, анегдотски докази во процесот на интервјуирање и официјални писма адресирани до Делегацијата на ЕУ укажуваат дека одредени групи во државната, регионалната и локалната јавна администрација се само формално вработени на работни места во јавниот сектор но всушност не работат, а во некои случаи живеат доволно далеку за нивното секојдневно одење на работа да биде многу неверојатно.“, стои во извештајот.

Анализата утврдила дека само од 2015 година до 2016 година бројот на вработени во јавниот сектор се зголемил за 15,5 отсто, „што изгледа како многу значително зголемување“, но нагласува дека во моментов, дури ни во Стратегијата за реформа на јавната администрација, одобрена од Владата во февруари 2018 година, не се тврди дека тоа со сигурност е целиот опфат на вработените во јавниот сектор или во јавната администрација, „што поставувањето целна бројка го прави предизвик“.

„Иако соодносот на вработените во јавната администрација е споредлив со земјите од ЕУ и ОЕЦД (Организацијата за економска соработка и развој), се чини дека на јавната администрација во земјата и недостатуваат капацитети, вештини, поттик и, во некои случаи, мотивираност да ги извршува функциите на најефективен и начин насочен кон резултати“, се нагласува во документот.

Анализата на УНДП предлага во период од една година да се изработи систем на компетенции за јавната администрација и да се централизира процесот на вработување за институциите на извршната власт, да се изврши ревизија на бројот и квалитетот на вработените во јавниот сектор во период од две госини, а во период од три години, или до 2021 година, во вработувањето во јавната администрација да се развие и примени приод врз основа на способности.

„Неуспехот да се изврши професионализација на јавната администрација како противотров на политизацијата води до административен и коруптивен товар за (приватните) претпријатија и граѓаните, како и до слаб квалитет, ефективност и ефикасност на јавната администрација во целина“, нагласува анализата на УНДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...