fbpx

Пруга до скопскиот аеродром постоела до 1980 година, на трасата денеска има само отпад

-

Скопскиот аеродром имал директна железничка врска до пругата Скопје – Куманово сѐ до 1980 година, кога престанала да функционира. Воeниот аеродром „Петровец“ преку оваа пруга се снабдувал со керозин за авионите, но по 1980 година во станицата Миладиновци бил изграден воен колосек и цевковод за пренесување на горивото до цистерните на аеродромот, ги потврдуваат за „Мета.мк“ овие информации од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ.

Откако пругата прекинала да се користи, колосекот што водел кон аеродромот бил демонтиран. Патнички железнички сообраќај до аеродромот никогаш не бил организиран по оваа пруга. Од јавното претпријатие за железничка инфраструктура велат дека по трасата на некогашната пруга до аеродромот денеска се расфрлани отпадни материјали од новоизградените објекти во населбата Илинден.

Поранешното железничко поврзување со скопскиот аеродром се наоѓало помеѓу станиците Миладиновци и Илинден. Од ЈП за железничка инфраструктура тврдат дека постои подобро решение за изградба на идното железничко поврзување на Меѓународниот аеродром Скопје, со појдовна точка од станицата Илинден и должина на идната пруга од околу 6,5 километри.

Според националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година, за воведување на директна железничка линија од Скопје до аеродромот ќе бидат потребни 30 милиони евра. Проектната документација и физибилити студијата за реализација на проектот за аеродромски воз треба допрва да се изработат, за што владата ќе побара финансии од странство.

Доколку се воведе возот до аеродромот, од центарот на Скопје до таму би се стигнувало двојно побрзо во споредба со сегашната автобуска линија, но и за четири пати поевтино. Идниот воз до аеродромот би можел да постане дел од замислената градско – приградска железница на Скопје, што како таква ќе може да обезбеди поврзување на аеродромот преку редовни линии и со Куманово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...