fbpx

„Гранит“ ќе го проширува патот од Крива Паланка до Деве Баир

-

Деновиве ќе започне проширувањето на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Јавното претпријатие за државни патишта го потпишало договорот со „Гранит“ од Скопје за изведба на 13-те километри од трасата, со која ќе се обезбеди побрза патна врска меѓу Македонија и Бугарија.

Проектот ќе опфати изградба на трета коловозна лента долж целата траса, реконструкција на постојниот коловоз и изградба на 4 нови моста за зголемување на брзината на движење на возилата.

„Гранит“ ќе има рок од 24 месеци за да го изведе проектот, така што по проширениот пат ќе се вози најдоцна до крајот на 2021 година.

Договорот за реконструкција и проширување на патот Крива Паланка – Деве Баир е во вредност од 10,2 милиони евра, се наведува во соопштението објавено од „Гранит“ на веб – страницата на Македонска берза. Владата ги обезбеди средствата за овој проект преку заемот од Европската банка за обнова и развој.

Проширениот пат Крива Паланка – Деве Баир за две години треба да се надоврзе на идниот експресен пат Ранковце – Крива Паланка, кој треба дотогаш да биде завршен. Во меѓувреме, владата преку Јавното претпријатие за државни патишта веќе отпочна со реконструкција на патниот правец од Куманово до Ранковце.

Целокупната траса од патното поврзување со Бугарија треба да биде комплетно обновена и изградена до крајот на 2021 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...