fbpx

Заев од Собранието ја потврди изградбата на трамвај во Скопје

-

На пратеничко прашање за загадувањето во Скопје поставено од Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев денеска од Собранието информираше дека владата ќе се вклучи во изградбата на електричен трамвај во Скопје.

Првата трамвајска линија во главниот град би чинела околу 100 милиони евра.

– Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 година, а постапката да ја почне уште сега за да може да се заврши целиот тендер во текот на зимскиот период – изјави премиерот Зоран Заев.

Премиерот во одговорот на пратеничкото прашање изјави дека се надева на соработка со белгиската компанија „Ван Хол“ при изградбата на трамвајот во Скопје, која што веќе има сопствена фабрика во индустриската зона „Бунарџик“.

„Мета.мк“ уште пролетва објави дека загрепското претпријатие за јавен превоз „ЗЕТ“ го изработи идејното решение за изведба на првата трамвајска линија во Скопје. Станува збор за три варијанти изготвени за трамвајската траса на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов веќе најави дека Градот Скопје е подготвен за да ја отпочне тендерската постапка за изградба на трамвајот, но и посочи дека за неговата изградба е неопходна владина помош во обезбедувањето средства.

– Градот е подготвен и во техничка смисла за изработка на тендерска документација, за да започне тој процес – изјави градоначалникот Шилегов на 25 септември годинава.

„Мета.мк“ минатата недела испрати прашања до владата за добивање податоци околу текот на реализацијата на проектот за трамвај во Скопје, кои пристигнаа како информација од премиерот Заев во денешниот одговор на пратеничкото прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...