fbpx

На секои 36 часа ново вработување во локалната самоуправа

-

Заклучно со септември, годинава 192 вработувања биле реализирани во локалната самоуправа во земјава, покажуваат податоците на Агенцијата за администрација. Со оглед на тоа што се изминати 300 дена од годината, математиката покажува дека во локалната самоуправа било реализирано по едно вработување на ден и половина односно на секои 36 часа.

Анализата на огласите за вработување покажува дека ваквиот тренд продолжува и во текот на октомври.

Имено, Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 државни службеници во општина Прилеп. Во огласот се бараат кандидати за раководители, помошници раководители, советници и помлади соработници. Платите во зависност од работното место се движат до 32.900 денари.

Објавен е оглас за вработување на три лица во општина Радовиш на работните места раководител, помлад соработник и соработник. Платите се движат до 29.696 денари.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 4 државни службеници во општина Делчево. Во огласот се бараат различни видови соработници, а платите се движат од 23.608 денари.

Огласи за вработување во текот на овој месец се распишани и за општините Карбинци и Демир Хисар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...