fbpx
Таг: барање

таг: барање

Панчевски го одби барањето на СЈО за изземање на судијката во „Трезор“

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува по предлогот на СЈО за одредување мерки на претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на судијката поради околности што упатуваат на сомнеж во нејзината непристраност. Поточно,...

Кривичен суд го одби барањето на СЈО за изземање на судијката Петровска

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство да се изземе судијката Лидија Петровска, која го доби случајот со уништувањето на документите поврзани со опремата за прислушување. „Во однос на барањето за изземање на судијката Лидија Петровска поднесено од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на...

Мароко по 40 години повторно сака членство во Африканската унија

Мароко поднесе официјално барање за приклучување кон Африканската унија (АУ) по 40 години, соопшија денеска од таа организација. Мароко е единствената африканска земја која не е членка на таа организација, која ја сочинуваат 54 држави. Властите во Рабат ја напуштија организацијата во 1975 година поради спорот околу Западна Сахара, која АУ ја смета за независна држава, а Мароко за своја јужна провинција. Членките...

КХВ го запре преземањето на „Макпетрол“ од „Балкан петролеум“

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на денешната седница донесе заклучок да ја прекине постапката за издавање дозвола за преземање на „Макпетрол“ од страна на „Балкан петролеум холдинг лимитед“, соопштуваат од КХВ. Постапката била прекината заради, како што појаснуваат од комисијата, решавање на „претходно прашање“ кај друг надлежен државен орган. - Ако КХВ како орган што ја води постапката, наиде на прашање,...

Раичевиќ: Забраната за работа на осомничените во „Еразмус“ е заради заштита на студентите

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, која го води случајот „Еразмус“, денеска изјави дека побарала од судот на осомничените да им биде забрането да одат на работа, токму во овој момент, односно извесно време откако е отворена истражната постапка, бидејќи тоа ѝ го дозволува Законот за кривична постапка и дека е заради заштита на студентите. Во случајот „Еразмус“ се обвинети шест лица,...

Советот за родова рамноправност бара да има најмалку 40 проценти жени на изборните листи

Националниот совет за родова рамноправност до лидерите, органите и до телата на политичките партии испрати отворено писмо преку кое апелира за целосно почитување на Законот за еднакви можности и на Законот за избор на пратеници, со кој е загарантирана квотата од 40 проценти застапеност на жените на кандидатските листи. Од советот потсетуваат на тоа дека рамноправноста и еднаквите можности за сите...

Турски судија пребегал во Грција и бара азил

Сè поголем е бројот на турски граѓани кои бараат азил во Грција. Грчката полиција уапси 50-годишен турски судија на островот Хиос, кој нелегално влегол во државата со група бегалци и барал азил за да биде заштитен од режимот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турскиот судија пристигнал на Хиос заедно со чамец со шест бегалци од Сирија, кои патувале од Турција...

СДСМ бара расправа во Собранието за пропустите во заштитата од поплави

Пратениците од пратеничката група на СДСМ во Собранието денеска побараа Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да одржи надзорна расправа на која ќе се утврдат пропустите што надлежните институции и органите на власта ги направиле во врска со заштитата од поплави. Панче Орцев, пратеник од СДСМ и претседател на оваа комисија, денеска на прес-конференција, посочи дека и  по 17 дена од поплавите на 6...

Фармерот Душко Илиевски бара политички азил, полицијата не му издава пасош

Битолскиот фармер Душко Илиевски бара политички азил во една европска држава, бидејќи како што вели, повеќе не може да ги издржи постојаните притисоци, закани и провокации што секојдневно ги трпи како од полицијата, така и од политичките неистомисленици, пренесува „Телма“. Тој, како што вели, кон краот на овој месец договорил прием во една странска амбасада, но се соочил со проблеми,...

Хашкото обвинителство го одби барањето на адвокатите на Младиќ

Обвинителството на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, денеска побара барањето на адвокатите на поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, за прекин на постапката што се води против него пред Хашкиот трибунал да се одбие. Образложението на обвинителството е дека нема основа за запирање на постапката против Младиќ и дека барањето на неговите адвокати е „неосновано...

Поп-Стефанија го одби барањето на СЈО и не ѝ го одзеде пасошот на Јанкулоска

Судијката Александра Поп-Стефанија го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и не ѝ одреди мерки на претпазливост на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“. СЈО бараше од судот на Јанкулоска да ѝ биде одземен пасошот, да ѝ се определи забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јавува...

Ѓулен не верува дека САД ќе го екстрадираат во Турција

Фетулах Ѓулен, муслиманскиот свештеник и жесток противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, оценува дека барањето на властите во Анкара тој да биде екстрадиран од САД поради неговата наводна вмешаност во неуспешниот обид за државен удар, е однапред осудено на неуспех, јавуваат светските агенции. Ѓулен претходно ги отфрли сите обвинувања на Анкара дека стои зад обидот за пуч во Турција. Тој...

СДСМ поддржува активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес

СДСМ поддржува активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес, стои во соопштението од опозициската партија како одговор на барањето на граѓанските организации за нивно активно вклучување во преговорите. „СДСМ во континуитет ги поддржува барањата на граѓанските организации. Неопходна е транспарентност во преговарачкиот процес. Од тие причини постојано укажуваме дека е потребно активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес“, се вели...

„Студентски пленум“ бара од УКИМ веднаш да реагира на тепањето студенти

„Студентскиот пленум“ бара од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ веднаш да реагира против тепањето студенти, да не ги признае изборите и да побара истрага за вчерашните случувањата на УКИМ при изборите за нов студентски лидер, вели Ивана Туфегчиќ од „Студентскиот пленум“, пренесува „Дојче веле“. - Во спротивно, ќе ја опструираме работата на СПУКМ и нема да ги признаваме одлуките на...

Амбасада на САД: Стејт департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери

Американскиот Стејт департмент може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, во согласност со претседателската декларација 7750. Ова било наведено во одговорот од Амбасадата на САД во земјава на прашањето на „24 Вести“ дали на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му е одбиено барањато за американска виза. Од амбасадата не одговориле директно на прашањето, но...

Касапов: На Битола мора да ѝ се случи „Владимир Талески ексит“

По одлуката на Апелацискиот суд во Скопје градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да остане во куќен притвор, денеска советниците од ЛДП и од опозицијата во Општина Битола поднесоа барање на следната седница на Советот, која треба да се одржи во јули, на дневен ред да се стави точка со која на Талески ќе му се препорача да си поднесе оставка...

Судот го одби барањето на СЈО за изземање на Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, информираше попладнево судот. Одлуката, како што велат оттаму, ја донел заменик-претседателот на судот, Ивица Стефановски, бидејќи претседателот Владимир Панчевски бил на одмор. „Во отсуство на претседателот на судот, кој користи денови од годишниот одмор, заменик-претседателот кој е овластен да го...

Петицијата за втор референдум во Британија собра повеќе од 3 милиони потписи

Петицијата за одржување втор референдум во Велика Британија околу членството во Европската Унија до денеска ја потпишале 3 милиони граѓани. Петицијата за втор референдум беше иницирана во петокот, неколку часа откако резултатите од гласањето претходниот ден покажаа дека 52 отсто наспроти 48 отсто од Британците се изјасниле за напуштање на ЕУ. Според она што е објавено во прилог на петицијата, од...

СЈО бара изземање на Поп-Стефанија, судот има три дена да одлучи

Судијката Александра Поп-Стефанија го прекинала сослушувањето на осомничените во случајот „Тврдина“, по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за нејзино изземање од предметот, соопшти Основниот суд Скопјe 1. „Судијата на претходна постапка, пред да заврши со распитот на еден од повиканите лица по повод предлогот поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои се поврзани и произлегуваат...

СЈО: Апсурдни се тврдењата дека мора да има „бомба“ за да бидеме надлежни за „Тврдина“

Апсурден и нелогичен е ставот и тврдењето на судијата кој ја спори надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“ и врз сонова на кој ги одби барањата за одредување притвор за Горан Грујовски и за мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, велат од СЈО. Оттаму до Кривичниот совет...