fbpx

Раичевиќ: Забраната за работа на осомничените во „Еразмус“ е заради заштита на студентите

-

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, која го води случајот „Еразмус“, денеска изјави дека побарала од судот на осомничените да им биде забрането да одат на работа, токму во овој момент, односно извесно време откако е отворена истражната постапка, бидејќи тоа ѝ го дозволува Законот за кривична постапка и дека е заради заштита на студентите.

Во случајот „Еразмус“ се обвинети шест лица, професори и асистенти на Економскиот факултет во Скопје, меѓу кои е и поранешениот декан на факулетот, Бобек Шуклев. Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и за примање на поткуп.

– Она за што можам да ја известам јавноста е дека по вчерашната најава дека јавниот обвинител предложи вакви мерки, најголем дел од приговорите, можеби впечатокот што се остава во јавноста, се зошто токму сега, по завршена истрага и по одредено време поминато откако е истрагата отворена. Можам да ви кажам дека Законот за кривична постапка дозволува ваков начин на постапување, всушност, тоа е област на индивидуален пристап. Оној момент кога јавниот обвинител оценил дека некоја мерка треба да се предложи, тој ја предлага независно дали е почетокот на истрага, нејзино завршување итн. – изјави Раичевиќ.

Прашана, како ги коментира толкувањата во јавноста дека мерката се предлага еден ден пред почетокот на новата академска година, Раичевиќ рече дека таа како јавен обвинител треба да обезбеди кривично-правна заштита на граѓаните, а како ќе биде организирана наставата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предизвик на самиот универзитет.

– Тоа претставува прашање од јавен интерес, но имајте предвид дека и јас како јавен обвинител имам сопствен интерес на постапување. Тоа се интересите на кривичната постапка. Секој за кого имам сомнение дека сторил кривично дело се соочува со интересот за кривично-правна заштита на граѓаните, а особено на студентите. Дали процесот на Универзитетот ќе се организира по стандарди кои нема да го попречат нормалното функционирање е предизвик за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – рече обвинителката.

Инаку, Раичевиќ денеска во Кривичнито суд ги образложи предлозите на осомничените да им биде одредена мерка за забрана за работа, а до крајот на денот по него треба да се произнесат осомничените и нивните адвокати.

По сослушувањето на обвинителството и на осомничените, судија на претходна постапка треба да донесе одлука дали ќе ги прифати предлозите на Раичевиќ и ќе им забрани на професорите да одат на работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...