СЈО бара изземање на Поп-Стефанија, судот има три дена да одлучи

-

Судијката Александра Поп-Стефанија го прекинала сослушувањето на осомничените во случајот „Тврдина“, по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за нејзино изземање од предметот, соопшти Основниот суд Скопјe 1.

„Судијата на претходна постапка, пред да заврши со распитот на еден од повиканите лица по повод предлогот поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Тврдина“, примил барање за негово изземање од страна на обвинителот кој постапува во истиот предмет. Со тоа судијата го прекинал сослушувањето на повиканите лица“, стои во соопштението од судот.

Барањето за изземање, заедно со предметот, Поп-Стефанија треба да ги достави до претседателот на судот, кој има рок од три дена да одлучи дали ќе ја повлече судијката од предметот или, пак, ќе го отфрли барањето.

„Судијата на претходна постапка, откако ќе ги комплетира списите на предметот, заедно со барањето ќе ги достави до претседателот на судот, кој во рок од три дена треба да одлучи по однос на барањето за изземањето на судијата“, стои во соопштението на судот.

Барањето за изземање на судијката следува откако таа не ги прифати барањата за притвор и за мерки на претпазливост на СЈО против Горан Грујовски, Гордана Јанулоска и другите тројца осомничени и ја оспори надлежноста на специјалното обвинителство за случајот „Тврдина“.

Од СЈО тогаш одговорија дека станува збор за одлука во која има апсурдни и нелогични тврдења.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...