fbpx

СДСМ бара расправа во Собранието за пропустите во заштитата од поплави

-

Пратениците од пратеничката група на СДСМ во Собранието денеска побараа Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да одржи надзорна расправа на која ќе се утврдат пропустите што надлежните институции и органите на власта ги направиле во врска со заштитата од поплави.

Панче Орцев, пратеник од СДСМ и претседател на оваа комисија, денеска на прес-конференција, посочи дека и  по 17 дена од поплавите на 6 август, ниту една институција не презела одговорност за катастрофалните последици.

– Ниту еден орган, ниту еден функционер, ниту еден политичар од власта не ги извести граѓаните кои се причините за настанувањето на поплавата и зошто не беа спречени огромните штети по животите и имотот на населението. Граѓаните многу добро знаат дека институциите се најодговорни за ужасот од поплавата. Знаат дека одговорноста лежи во Владата на Република Македонија, Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, транспорт и врски, внатрешни работи, животна средина и просторно планирање, но и во јавниот медиумски сервис – рече Орцев.

Тој обвини дека овие институции работеле спротивно на законите за хидрометеорологија и заштита од поплави и со тоа донеле „хаос во животите на населението“.

– Одговорност за последиците од поплавата мора да има. Затоа, Собранието на Република Македонија треба во најкус можен рок да организира надзорна расправа на која пратениците ќе ги утврдуваат пропустите кои институциите и органите на власта ги направиле во делот на заштита од поплави и со тоа предизвикале огромни штети врз населението – рече Орцев и ги повика членовите на Комисијата, особено мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ, да го прифатат барањето за одржување надзорна расправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...