Судот го одби барањето на СЈО за изземање на Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“

-

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, информираше попладнево судот.

Одлуката, како што велат оттаму, ја донел заменик-претседателот на судот, Ивица Стефановски, бидејќи претседателот Владимир Панчевски бил на одмор.

„Во отсуство на претседателот на судот, кој користи денови од годишниот одмор, заменик-претседателот кој е овластен да го заменува и да потпишува решенија во отсуство на претседателот, поради истек на три дена од поднесувањето на барањето на СЈО, донесе решение со кое го одби барањето за изземање на судијата“, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Барањето за изземање на Поп-Стефанија во судот стигна минатиот четврток додека траеше распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поради што судијката го прекина сослушувањето.

СЈО бараше изземање на судијката токму во случајот со Јанкулоска бидејќи поранешната министерка се води како вработена во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а вработен во разгранок на владејачката партија во Неготино е и сопругот на Поп-Стефанија.

Барањето за изземање на судијката, исто така, следуваше откако таа ги отфрли барањата на СЈО за притвор и за мерки на претпазливост за Горан Грујовски, Гордана Јанулоска и за другите тројца осомничени и ја оспори надлежноста на Специјалното обвинителство за случајот „Тврдина“.

 

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...