fbpx
Таг: барање

таг: барање

„За заедничка Македонија“ бара средба со еврокомесарот Хан

Претставници од иницијативата „За заедничка Македонија“ бараат средба со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, кој во вторник доаѓа во Македонија. Ова денеска го соопшти членот на иницијативата и директор на Македонската опера и балет (МОБ), Игор Дурловски, кој рече дека никој „не смее, не треба и не може да ги игнорира 200.000 граѓани кои секојдневно протестираат“. - Бараме...

По три часа распит, Кочан си замина – најверојатно нема притвор

Три часа траеше распитот на бизнисменот Сеад Кочан, пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Тој, заедно со Василије Авировиќ и со уште едно лице, е осомничен во случајот „Труст“ што Специјалното јавно обвинителство го отвори во вторникот. Зградата на судот Кочан ја напушти од споредниот источен влез и не сакаше да даде изјава. Засега нема информации од судот...

Осомничените во „Труст“ писмено ќе се канат да дојдат на распит за притворот

Барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на двајца од тројцата осомничени во новата истрага „Труст“ вчера стигнале во Кривичниот суд во Скопје, но засега нема информации кога тие ќе се појават на распит пред судија на претходна постапка. Според членот 294 од Законот за кривична постапка (ЗКП) „судијата на претходната постапка е должен без одлагање“ да го разгледа...

Вучиќ: Барањето на БИХ за ревизија на пресудата во Хаг е неодговорен потег

Највисоките државни функционери на Србија како „неодговорен потег“ го оценија и го осудија отворањето на постапката за ревизија на пресудата на Меѓународсниот суд на правдата во Хаг по тужба на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид и предупредија дека со ваквиот чекор целиот регион се враќа во минатото. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека барањето на БИХ е...

Уште двајца турски војници побарале азил во Грција

Грчката полиција денеска соопштила дека уште двајца турски војници, кои биле уапсени откако тајно влегле во Грција, побарале азил во земјата, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Од полицијата навеле дека двајцата офицери им се предале на грчките власти во североисточниот град Орестијада, минатата недела. Војниците пред грчката полиција изјавиле дека во земјата влегле преминувајќи ја реката Еврос, долж...

УБК му одговорила на СЈО за користењето класифицирани податоци во „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство добило одговор од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Катица Јанева. Од СЈО не откриваат што им било одговорено, но велат дека за тоа ќе го запознаат судот на рочиштето закажано за 17 јануари. „Од наша страна беа испратени барања...

Србија не се откажува од барањето за испорачување на Харадинај

Владата на Србија денеска соопшти дека нема да се откаже од барањето за испорачување на еден од поранешните команданти на ОВК, Рамуш Харадинај, тврдејќи дека има 30 нови сведоци и проширена истрага против него. - Се надеваме дека француските правосудни органи постапуваат професионално и во склад со меѓународните закони и дека ќе ни го испорачаат Харадинај за постапката против него...

Кинеската морнарица заплени американски подводен дрон во Јужното Кинеско Море

Кинеската воена морнарица вчера во водите на Јужното Кинеско Море запленила американско беспилотно пловило - дрон за океанографски истражувања, јавуваат светските медиуми. Соединетите Американски Држави денеска испратиле официјално барање до Кина пловилото веднаш да биде вратено, пренесува „Би-би-си“. Според Пентагон, подморницата била запленета во меѓународни води. Како што јавуваат светските агенции, инцидентот се случил вчера, во моментот додека американски брод за...

Левица: Судот го одби барањето на саботерите што не сакаат да учествуваме на изборите

Основниот суд Скопје 2 донел решение со кое го одбил како неосновано барањето за донесување привремена мерка за забрана на партијата Левица да учествува на предвремените парламентарни избори, закажани за недела, 11 декември. Барањето, кон крајот на минатиот месец, го поднесе лице кое се преставува како член и основач на партијата. „Ова е уште еден правен пораз на обидот на...

СЈО, по една недела, од судот го доби записникот од рочиштето за „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство вчера го добило од Кривичниот суд записникот од подготвителното рочиште за судењето за случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму додаваат дека дополнително ќе информираат кога ќе достават барање до Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за дозвола за декласификација на доказите во обвинението...

Панчевски, Груевска-Илиевска и Башеска го блокираат СЈО во истрагите „Таргет“ и „Трезор“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од судиите Владимир Панчевски, како претседател на судот, и судијките Дијана Груевска-Илевска (заменик-претседател на судот н.з.) и Љубинка Башеска (судијката во случајот „Пуч“ н.з.), вторпат одбил да издаде наредба за да може Специјалното јавно обвинителство да изврши претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори во врска со случајот „Таргет“,...

Екологистите бараат од Бернската конвенција да ги заштити Охридското Езеро и Галичица

Екологистите од Македонија поднесоа жалба до Бернската конвенција барајќи Охрид и Охридското Езеро, заедно со националниот парк Галичица, да се спасат од мегаломанските проекти. Бернската конвенција е надлежна за заштита на европскиот див свет и ги разгледува случаите со уништувањето на природното богатство. Најавените мегаломанските проекти ќе бидат оспорени по слична постапка како со „Луково поле“ и „Бошков мост“, а Конвенцијата,...

Дали СЈО ќе го добие „Сопот“, ќе одлучува Советот на јавни обвинители

Дали Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ќе ѝ го достави на Катица Јанева предметот за случајот „Сопот“, ќе зависи од Советот на јавни обвинители. Од Обвинителството за „Мета“ потврдија дека го добиле барањето на СЈО, но се обратиле до Советот на јавни обвинители и побарале од него да се произнесе околу тоа дали предметот треба да...

Судот го одбил барањето на СЈО за претрес на системите во телекомуникациски оператор

Судија на претходна постапка го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да издаде судски налог, во рамките на случајот „Таргет“, за претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори заради обезбедување податоци и докази во врска со телефонските броеви што биле цел на незаконското следење на комуникациите. СЈО ваквата одлука ја обжалило до Кривичниот совет, но и оттаму, информираат...

СЈО го побара случајот „Сопот“ од Обвинителството за организиран криминал

Специјалното јавно обвинителство на 4 неомври од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало да му го достави предметот за случајот „Сопот“, соопштија денеска од СЈО. „Предметот е побаран за да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации“, стои во соопштението од кабинетот на Јанева. Инаку, станува...

Судот не ѝ го одзеде пасошот на Канческа-Милевска, барањето на СЈО било неосновано

Судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство и не им ги одзеде пасошите на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште еден осомничен во случајот „Тендери“. Ваквата одлука судијата ја донел по распитот на двајцата осомничени, во петокот минатата недела. Барањето на СЈО, тој го одбил како неосновано и решението со кое се одбива предлогот...

И Наумов се жали на опструкции: Од Финансии не ми даваат никакви документи и податоци

„Министерство за финансии продолжува со ист начин на работа како и претходно и во последниот месец, откако сум повторно на функција, немаме никаква соработка“, се пожали дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, на средбата со претседателот на Стопанска комора на Сојузот на Северозападна Македонија, Неби Хоџа. Тој додаде дека ниту еден документ што го побарал од кабинетот на министерот за финансии,...

СЈО: Безбедноста на опремата ќе биде на товар на УБК, бидејќи не пуштаат наши истражители

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, денеска го известил Специјалното јавно обвинителство дека не дозволува истражители на СЈО физички да бидат присутни во УБК додека не дојде надворешниот експерт, кој треба да помогне во извлекувањето на податоците од системите за прислушување. „Откако беа прибавени поголем дел од податоците, а за целосно спроведување на судската наредба, во текот...

Премиерот Димитриев бара пратениците да изгласаат нов министер без ресор

Само неколку дена пред распуштањето на Собранието, премиерот Емил Димитриев бара од пратениците да изберат нов министер без ресор. Предлогот за разрешување на Фуркан Чако од Демократската партија на Турците и за назначување на Бејџан Иљас на негово место, во Собранието стигнал доцна попладнево. Сè уште никој не објаснил зошто се бара разрешување на Чако. Според биографијата што Димитриев ја доставил до Собранието,...

Кривичниот суд не ги замрзнал сметките на „Финзи“ зашто СЈО не ги доставило

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во барањето до Кривичниот суд за замрзнување на сметките на фирмата „Финзи“, опфатена во случајот „Трезор“, не ги навело сметките и банките на фирмата и се повикало на погрешен член од Законот за кривична постапка (ЗКП), соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Поради ова, судијата на претходна постапка сè уште не одлучил по барањето за...

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...