вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: автопат Миладиновци – Штип | 35 резултати

Скапо го враќаме кредитот за изградба на автопатите, Кина остана во земјава да гради и со европски пари

август 20, 2022

Северна Македонија зеде кредит од кинеската Ексим банка за изградба на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, при што во моментов скапо ги враќа ратите од кредитот поради рекордното зајакнување на американскиот долар во однос на македонскиот денар. Во меѓувреме, по повеќе од осум години и шест месеци од почетокот на градежните работи, […]

Наплатата на патарина на автопатот Миладиновци – Штип почнува в понеделник во 7 часот

јули 14, 2022

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) соопшти дека од 7 часот в понеделник, 18 јули, ќе бидат ставени во функција наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот А4 на делницата Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно. На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина. Првите две ленти од десно се за возилата кои користат […]

Падна првиот снег во Скопје, проблеми на патиштата во северните делови на земјава

јануари 10, 2022

Првиот снег денеска падна во Скопје, а врнежи од снег и температури околу нула степени се регистрирани и во Полошката котлина и во Куманово. Снежните врнежи кои започнаа претпладнево во главниот град засега не предизвикуваат поголеми проблеми во централното градско подрачје, но затоа пак стигнуваат првите информации за проблеми на патиштата коишто водат надвор од […]

Воведувањето електронска наплата на патарина на Коридор 8 чека на изработка на проектната документација

април 12, 2021

Без конкретен рок кога ќе отпочне изведбата, но со најава дека се чека на изработка на проектната документација е планот за воведување на електронска наплата на патарина на наплатните станици долж патниот Коридор 8 и на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека најпрво треба да се изработи проектната документација, […]

Од патарините лани собрани 33,8 милиони евра, ковид-19 „стопи“ 10 милиони евра од приходите [инфографик]

јануари 14, 2021

Јавното претпријатие за државни патишта од патарините лани имало приходи во висина 33.782.331 евра, што е за над 10,5 милиони евра помалку во споредба со 2019 година. Корона кризата удри силно врз остварениот прилив на средства по надоместокот за користење на македонските автопати, а најизразено намалување на приходите може да се забележи во вториот квартал […]

Турски „Аселсан“ и „Жикол“ ќе работат на електронската наплата на патарина на Коридор 8 и Миладиновци-Штип

декември 14, 2020

Турско-македонски конзорциум составен од компанијата „Аселсан“ од Анкара и „Жикол“ од Струмица го добија тендерот за воведување на електронска наплата на патарина на автопатските делници долж Коридорот 8, како и на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, е наведено во резултатите од меѓународниот тендер објавени од ЕБОР. Договорот со Јавното претпријатие за државни патишта треба да се […]

Од кинеските кредити за автопатите да извлечеме поуки за да избегнеме идно должничко ропство

септември 30, 2020

Доцнење на изградбата и пробивање на финансиската конструкција на проектите е крајниот епилог од изведбата на двата автопати Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, кои почнаа да се реализираат во 2014 година со кредитно задолжување на државава кај кинеската Ексим банка, направено од страна на владата на Никола Груевски. Автопатот Миладиновци-Штип беше пуштен во сообраќај минатата година, откако […]

Повеќе од една година автопатот Миладиновци-Штип е единствен во земјава на кој не се наплаќа патарина

септември 15, 2020

Автопатот Миладиновци-Штип е единствениот пат од највисока категорија во земјава на кој повеќе од една година не се наплаќа патарина од возачите. И покрај тоа што беше отворен за сообраќај на 5 јуни, а официјално пуштен во употреба на 6 јули 2019 година, до денешен ден на оваа автопатска делница долга 47 километри не профункционира […]

Запален автобус „се прошета“ по автопатот Миладиновци-Штип, нема повредени и загинати лица

септември 4, 2020

Празен автобус на штипската компанија „Кит-го“ се самозапали на автопатот Миладиновци-Штип кај месноста Крушица. Во автобусот бил само возачот, кој безуспешно се обидел да го изгаси запалениот автобус. Поради тоа што се запалил на удолница, автобусот во пламен се спуштил од локацијата на која се запалил стотици метри подолу, удрил во банкина и предизвикал мал […]

Годинава треба да почне изградбата на патарините на автопатот Миладиновци – Штип

мај 23, 2020

Воведувањето на електронската наплата на патарина на Коридорот 8 и изградбата на двете наплатни станици на автопатот Миладиновци – Штип ќе започне годинава. Распишаниот тендер за овие два проекта е во вредност од 13,7 милиони евра, при што во тек е евалуацијата на првата фаза од тендерската постапка, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за […]

Дождовите предизвикаа свлечишта на автопатот Миладиновци-Штип, со 440.000 евра ќе се санираат

мај 13, 2020

Првите поголеми дождови пролетва предизвикаа активирање на постојните и појава на нови свлечишта на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта слегнатата земја на автопатот е констатирана уште во март, по што веднаш е направен увид на терен. За санацијата на појавените свлечишта се издвоени 440.000 евра. „На 14.04.2020 година е изработено стручно мислење […]

Автопатот Тетово – Гостивар е најфреквентниот пат во земјава (инфографик)

февруари 14, 2020

Девет од десетте најфреквентни патишта во 2019 година во земјава се изградени во профил на автопат, а најмногу возила лани биле регистрирани на автопатот Тетово – Гостивар. Просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) е еден од главните индикатори во развиените земји за донесување на одлуки за инвестиции во нови патишта или за реконструкција и надградба на […]

Објавен тендерот за воведување електронска наплата на патарина и на Коридорот 8

јануари 28, 2020

Покрај можноста за плаќање патарина по електронски пат на автопатот од Табановце до Гевгелија, годинава ќе отпочне постапката за воведување на електронска наплата на патарина и на Коридорот 8. На веб – страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавена втората фаза од тендерот за избор на компанија што ќе го инсталира […]

Со камери и електронски знаци ќе се намалува бројот на сообраќајки на Коридорот 10

ноември 24, 2019

Македонија е на сериозен пат да го воведе Интелигентниот транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридорот 10. Министерството за транспорт и врски веќе ја изработи проектната документација за новиот систем, а државата подигна и заем кај Светската банка за реализација на проектот. Ќе бидеме едни од првите во регионот со комуникациско – информацискиот систем за […]

Догодина видео надзор на сите клучки на автопатот Миладиновци – Штип

ноември 20, 2019

Јавното претпријатие за државни патишта планира наредната година да постави камери на сите осум клучки долж автопатот Миладиновци – Штип. Од претпријатието за „Мета.мк“ информираат дека ќе се воспостави видео – надзор на делницата долга 47 километри преку спојување на камерите со Контролниот центар на ова претпријатие во Петровец. – Долж автопатот Миладиновци – Штип […]

Груевски се спаси за „Траекторија“ – предметот застарел (хронологија + „бомба 14“)

ноември 13, 2019

Поради апсолутна застареност на основата за кривично гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Траекторија“, тој нема да одговара за малверзации во врска со автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, констатираше судијата. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе бидат платени од државниот буџет. Адвокатот назначен по службена должност […]

Со 13,7 милиони евра ќе се воведува електронската наплата и на патарините на Коридорот 8

септември 20, 2019

Со 13,7 милиони евра во следните 12 месеци ќе се градат три нови патарини на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, ќе се воведе и унифицира електронскиот систем за наплата на патарините на Коридорот 8 и ќе се инсталираат фотоволтаични соларни панели на сите наплатни станици во земјава.  Денеска се потпиша договорот за […]

На автопатот Штип – Миладиновци уште се гради, а веќе има потреба од поправки

август 21, 2019

Поставената заштитна ограда на новиот автопат Штип – Миладиновци се покажа како недоволна заштита за возачот, кој завчера буквално прелета од едната коловозна лента на автопатот за Скопје и премина во спротивен правец. Очевидци на несреќата тврдат дека само среќа ги спасила од посериозна незгода возилата кои сообраќале во правецот од Миладиновци кон Штип.   Автопатот […]

За еден месец продадени 5.870 електронски уреди за наплата на патарина

август 6, 2019

Расте интересот на македонските возачи за новиот систем за електронска наплата на патарина. За само еден месец се продадени 5.870 електронски картички и тагови (Мтаг и Мкард), со кои може на едноставен и брз начин да се плати надоместокот на наплатните рампи долж Коридорот 10. – Патниците кои веќе имаат купено електронски уреди се повеќе […]

За 5,7 милиони евра ќе се доградува автопатот Миладиновци – Штип

јули 15, 2019

Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги догради 10-тината сервисни патишта и клучката кај Свети Николе на автопатот Миладиновци – Штип. Градежната фирмата „Гранит“ од Скопје е избрана за изведувач на работите за докомплетирање на овој автопат, кои не биле претходно влезени во проектот по кој кинескиот изведувач „Синохидро“ ја градеше оваа делница. Сервисните патишта […]

Страна 1 од 2