fbpx

Дождовите предизвикаа свлечишта на автопатот Миладиновци-Штип, со 440.000 евра ќе се санираат

-

Првите поголеми дождови пролетва предизвикаа активирање на постојните и појава на нови свлечишта на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта слегнатата земја на автопатот е констатирана уште во март, по што веднаш е направен увид на терен. За санацијата на појавените свлечишта се издвоени 440.000 евра.

„На 14.04.2020 година е изработено стручно мислење – Извештај од извршена теренска проспекција за проценка на количини за чистење на свлечен материјал од косини на автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип од Градежен факултет – Скопје“, се наведува во образложението на склучениот договор меѓу ЈП за државни патишта и „Гранит“ од Скопје за извршување на итни работи за растеретување и санација на косините на овој автопат.

Од ЈП за државни патишта во нивната вчерашна објава на „Фејсбук“ посочуваат дека неконтролираното слегнување на земјиште на делови од трасата Миладиновци-Штип е последица на одредени пропусти при изработката на проектната документација во минатото.

– Согледувајќи ја оваа состојба, а во интерес на граѓаните и заради нивна безбедност во сообраќајот Јавното претпријатие за државни патишта изврши интервентна јавна набавка за итна санација на 12-те свлечишта – посочуваат тие.

Автопатот изграден со кинески средства беше отворен за сообраќај на 5 јуни минатата година. Во делницата долга 47 километри беа инвестирани 177 милиони евра, кои беа подигнати како заем од Ексим банката. „Мета.мк“ уште минатото лето пишуваше за проблеми со свлечиштата на овој автопат. За да се заштитат косините од ерозија на земјиштето, извршено е пошумување со 600.000 багреми на површина од 30 хектари.

Уште пред самиот почеток на неговата изградба во февруари 2014 година, овој проект го следеа низа контроверзи, почнувајќи од основното обвинување дека се гради автопат по траса која што не може да генерира доволна фреквенција на сообраќај. Податоците за 2019 година за просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) на потегот од клучка Миладиновци до клучка Кадрифаково изнесуваат 6.421 возила, што е двојно помалку од неопходниот минимум за изградба на автопат на овој потег.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...