Падна првиот снег во Скопје, проблеми на патиштата во северните делови на земјава

-

Првиот снег денеска падна во Скопје, а врнежи од снег и температури околу нула степени се регистрирани и во Полошката котлина и во Куманово. Снежните врнежи кои започнаа претпладнево во главниот град засега не предизвикуваат поголеми проблеми во централното градско подрачје, но затоа пак стигнуваат првите информации за проблеми на патиштата коишто водат надвор од главниот град.

Како што јавува АМСМ, попладнево целосно е во прекин автопатот Миладиновци – Штип кај Коњари поради сообраќајна незгода. Возачите кои патуваат меѓу Скопје и Свети Николе критикуваат дека снегот што врне предизвикува проблеми во движењето на возилата, а слична е и ситуацијата на автопатот меѓу Велес и Скопје. Попладнево се регистрирани неколку сообрајни несреќи на овие два автопати, а возачите бараат од ЈП „Македонија – пат“ поагилно чистење на овие делници, за да се зголеми безбедноста на движење на возилата.

Снежни врнежи се забележани и во Тетово. Фото: Мета.мк, 10.01.2022 г.

Проблеми со снегот има и на патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег, така што 09:30 часот утрово е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Инаку, зимските служби во Скопје и Куманово попладнево се вклучија во расчистување на снегот од улиците и јавните површини. Општина Аеродром упати апел до граѓаните и компаниите да го исчистат снегот од пред нивните влезови, додека Општина Бутел интервенира на патиштата што водат кон населбите Радишани и Љубанци.

Од Општина Куманово велат дека го расчистуваат снегот со шест возила, при што улиците и јавните површини се прскаат со течност против замрзнување и се фрла сол.

Инаку, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека врнежите ќе продолжат и во текот на наредните часови, а во денешната прогноза се наведува дека нова снежна покривка ќе се формира првенствено во западните делови од земјава. Повремени врнежи од снег и засилен северен ветер се очекуваат и за утрешниот ден во Скопје, Полог и Пелагонија.

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел за употреба во Газа, што предизвика критики од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Би-Би-Си. Макрон за...