fbpx
Таг: Атина

таг: Атина

Строгите мерки за штедење ја намалуваат поддршката на Грците за СИРИЗА и за Ципрас

Владејачката СИРИЗА сериозно заостанува зад Нова демократија според уште една нова медиумска анкета во Грција. Резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од Универзитетот „Македониа“ за телевизијата „Скај“, покажуваат дека Нова демократија во поддршката од гласачите води 15 отсто пред партијата на премиерот Алексис Ципрас. Поконкретно, Нова демократија е на прво место со 30 отсто поддршка од гласачите, а СИРИЗА...

Ципрас планира реформи во министерствата, реконструкцијата на чекање

Во подготовките за владина реконструкција, која е одложена, грчкиот премиер Алексис Ципрас планира реформи, поделба и зголемување на бројот на министерствата. Иако на почетокот на мандатот на владата на СИРИЗА дел од министерствата беа споени, грчкиот премиер сега размислува да оддели некои ресори, како, на пример, министерството за миграција кое е дел од министерството за внатрешни работи. Како што објавија...

Обама во ноември ќе ја посети Атина

Претседателот на САД, Барак Обама, на 15 и на 16 ноември доаѓа во Атина на средби со грчкиот државен врв. Како што најавија и од Белата куќа и од грчка страна, Обама ќе има средби со претседателот Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас. Главни теми на средбите се очекува да бидат грчкиот долг и бегалската криза. Обама со Ципрас...

Русинка уапсена на аеродромот во Атина со 2,2 милиони евра

Државјанка на Русија била уапсена на аеродромот во Атина откако цариниците кај неа пронашле повеќе од 2,2 милиони евра и 58.900 долари во готовина. Русинката во Атина пристигнала од Москва со летот на руската авиокомпанија „Аерофлот“, пренесе грчката новинска агенција АНА. Цариниците веднаш ѝ одзеле 25 отсто од парите кои ги имала со себе, казна предвидена со законот. Органите задолжени за истражување...

Експлозија на бомба во Атина пред домот на јавна обвинителка

Силна експлозија го потресе центарот на Атина доцна синоќа. Во експлозијата е причинета голема материјална штета на една станбена зграда и десетина продавници, а целосно уништени се две возила. Бомбата експлодирала пред 23 часот, во густо населен кварт во близина на населбата Ексархија. Полицијата сè уште го истражува мотивот за подметнувањето на бомбата. Сомнежите се дека мета била или обвинителната...

Грчкото собрание изгласа нов пакет мерки за штедење

Со 152 гласа „за“, грчкото собрание го одобри новиот пакет мерки што ќе го отвори патот за исплаќање на нови 2,8 милијарди евра од европскиот кредит за Грција. Пакетот мерки опфаќа формирање на проширен фонд за приватизација и за стопанисување со државни компании, во кој ќе бидат вклучени компанијата за електродистрибуција, водовод и водостопанство, атинското метро и компанијата за изработка...

Грчкото собрание денеска ќе гласа за септемврискиот пакет мерки

Грчкото собрание вечерва ќе гласа дел од новиот пакет мерки договорени со европските кредитори, неопходни за да се одобри ратата од 2,8 милијарди евра од европскиот кредит за Грција. Пратениците ќе треба да одобрат мерки со кои има дополнителни намалувања на пензиите, зголемување на даноците за хотелиерите и за тие што издаваат соби, намалување на даночните поволности за хонорарните работници и...

Во Атина одбележана 25-годишнината од македонската независност

На свечен прием во Атина во организација на македонската канцеларија за врски, вчера се одбележа 25-годишнината од македонската независност. Со присуство на бројни странски гости, амбасадори, грчки политичари, претставници на грчкото министерство за надворешни работи и на кабинетот на премиетот Алексис Ципрас, а со дегустација на македонски вина и пива, паралелно се одбележаа и 21 година воспоставување дипломатски односи...

В петок средба Коѕиас – Нимиц во Њујорк

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас в петок во Њујорк ќе има средба со посредникот во спорот за името Метју Нимиц, јави грчката телевизија ЕРТ. Иако во официјалната агенда на Коѕиас за средбите во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации не е најавена средбата, сепак извори од грчкото министерство за надворешни работи за ЕРТ потврдиле дека министерот ќе се...

СИРИЗА и Независни Грци со различни ставови за изградба на џамија во Атина

Коалициските партнери во грчката влада, СИРИЗА и Независни Грци, се судрија околу прашањето за градење џамија во Атина. Десничарите Независни Грци остро најавија дека ќе гласаат против одредбата за градење џамија, за која денеска ќе се гласа во грчкото собрание. Одлуката да се изгради џамија во Атина ја поддржуваат СИРИЗА, Нова демократија, ПАСОК, Река и Комунистичката партија, така што сигурно е...

Грција ги разгледува барањата за азил на осумте војници – пучисти од Турција

Грција ќе ги разгледа барањата за азил на пучистите од Турција во согласност со меѓународните процедури за азил. Ова го изјави потпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, за случајот на осумте турски војници кои денеска напладне слетаа во Александруполи со турски воен хеликоптер и побараа грчки азил. Војниците беа уапсени од грчката полиција за нелегален влез во државата и се...

Бан Ки-мун од 17 до 19 јуни во посета на Грција

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, од 17 до 19 јуни ќе биде во официјална посета на Грција. На агендата на Бан ќе бидат бегалската криза, кипарското прашање, но и спорот за името. Прва станица на генералниот секретар на ОН ќе биде Атина, каде на 17 јуни ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со претседателот Прокопис Павлопулос....

Ладнокрвно убиство во центарот на Атина

Ладнокрвно убиство утринава ги потресе жителите на Атина. Во бунтовната населба Ексархија, која важи и за кварт на грчките анархисти, нешто пред пладне беше застрелан 35-годишен Сириец, во дел од градот каде има многу кафулиња. Двајца маскирани напаѓачи на мотор го следеле Сириецот и додека се движеле, четири-пет пати стрелале во него пред бројни очевидци, а потоа избегале. Сириецот, со прострелна рана во главата, и...

Грција пред Велигден: Полни продавници, празни џебови

Грчките семејства и годинава ќе имаат поскромна велигденска трпеза. Стегањето на финансискиот ремен, намалувањата на платите и на пензиите, како и предупредувањата за нови зголемувања на даноците и за нови намалувања на пензиите не им дозволуваат на грчките граѓани да се опуштат како порано при купувањето за Велигден. Подароците се поскромни, трпезата помала. Сите трговски улици и пазари се преполни, но луѓето повеќе...

Нова грчка финансиска драма

Историјата се повторува во Грција. Преговорите на грчката влада со тројката удрија во ѕид. Европската Унија го откажа состанок на еврогрупата, кој требаше да се случи в четврток, за одобрување на грчкиот пакет мерки, а премиерот Алексис Ципрас побара итно свикување на самит на ЕУ. Целосно повторување на ланското сценарио пред да се распише референдум во државата. Сценарио кое доведува...

Бегалците го искршија бифето кај Идомени

Бегалците во кампот кај Идомени поминаа уште една тензична ноќ. Околу 1 часот по полноќ, неколкумина бегалци предизвикале инцидент кога не успеале да ја убедат вработената во продавничката и во бифето на железничката станица продавницата да остане отворена цела ноќ за да може да купуваат храна. Според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, околу 30 бегалци го нападнале просторот и ги искршиле...

Бегалците од Идомени и од Пиреја одбиваат да заминат од импровизираните кампови

Грчката влада успеа да испразни еден дел од пристаништетот Пиреја, но не успеа да ги префрли бегалците во мигрантските центри. Околу 700 бегалци се префрлија само од еден во друг дел на пристаништето. Пристанишната порта Е3, каде живееја досега, ќе биде расчистена и повторно ставена во употреба за време на велигденскиот период кога се очекува зголемување на бројот на...

24-часовен штрајк на грчката администрација

Грчката администрација денеска излегува на протест и одржува 24-часовен штрајк во знак на незадоволство за новите реформи во пензискиот и во здравствениот систем, како и за даночните реформи што ќе донесат нов финансиски товар врз грчкиот народ. Протестот го организира еден од работничките синдикати, АДЕДИ. Кон штрајкот и протестот низ атинските улици покрај административците, се приклучуваат и наставниците и професорите, контролорите...

„То вима“: Коѕиас доцни со идејата за регионална средба за бегалската криза

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, изненади минатата недела со најавата за идеја за организирање регионална средба со Македонија, Албанија и со Бугарија околу бегалската криза. Грчкиот весник „То вима“ ја оценува идејата како задоцнета реакција на сите случувања со бегалската криза, наметната со големи притисоци од премиерскиот кабинет врз Коѕиас. „Со големо задоцнување, додека работите со бегалската криза...

Иванов: Грција не соработува со нас околу бегалската криза

Затворањето на македонската граница за бегалците ја штити Македонија од илегална миграција, но ѝ помага и на Грција долгорочно за запирање на бегалскиот бран. Ова го истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за грчката телевизија „Стар“, говорејќи за бегалската криза и за начинот на кој Македонија се справува со неа. Иванов во интервјуто објаснува дека не се работи за целосно...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...