fbpx

Иванов: Грција не соработува со нас околу бегалската криза

-

Затворањето на македонската граница за бегалците ја штити Македонија од илегална миграција, но ѝ помага и на Грција долгорочно за запирање на бегалскиот бран. Ова го истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за грчката телевизија „Стар“, говорејќи за бегалската криза и за начинот на кој Македонија се справува со неа.

Иванов во интервјуто објаснува дека не се работи за целосно затворена граница меѓу двете држави, туку за затворање и за регулирање на протекот на, како што вели, илегални преминувања меѓу Македонија и Грција. Според него, оградата на македонско-грчката страна е сосема оправдана и е дел од начинот на кој Македонија ја штити својата територија од илегални преминувања. Најави дека оградата ќе остане сè додека е актуелен и проблемот и ќе се штити уште позасилено доколу има потреба од тоа.

Иако постои оградата, како што забележа Иванов, секоја вечер македонската полиција наоѓа околу 20 луѓе кои ја сечат жицата и се обидуваат илегално да преминат кон Македонија.

– Ова треба да запре. Тоа е од корист и за Грција и кога бегалците ќе знаат дека не може да одат на север, нема да доаѓаат ниту кај вас – истакна Иванов во интервјуто.

Македонскиот претседател со остар и критичен тон ги обвини грчките власти за неодговорно однесување и за долгиот период на многу слаба или речиси непостоечка соработка со македонските власти за бегалската криза.

– Ме загрижува тоа што кога со вашиот премиер договоривме моите советници да го известуваат лично, од неговиот кабинет одбија да се сретнат со нив. Вашата страна одби средба на групите за градење на мерките за доверба. Тоа од ваша страна беше прекинато – вели Иванов.

Според Иванов, кога ќе заврши кризата, Грција ќе разбере дека Македонија е таа што најмногу ѝ помогнала во тешки моменти.

Во истото интервју за телевизијата „Стар“, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, со поумерен тон вели дека имало случаи кога грчките граничари не соработувале со македонските за Грција да изврши притисок врз Македонија околу бегалската криза, меѓутоа сега ситуацијата и соработката меѓу двете страни се подобрува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...