fbpx

Грција ги разгледува барањата за азил на осумте војници – пучисти од Турција

-

Грција ќе ги разгледа барањата за азил на пучистите од Турција во согласност со меѓународните процедури за азил. Ова го изјави потпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, за случајот на осумте турски војници кои денеска напладне слетаа во Александруполи со турски воен хеликоптер и побараа грчки азил.

Војниците беа уапсени од грчката полиција за нелегален влез во државата и се наоѓаат во полициската станица во Александруполи.

„Во врска со осумтемина уапсени, ќе се запазат предвидените процедури според меѓународното право. Ќе се земе сериозно предвид фактот дека уапсените во нивната држава се товарат за кршење на уставниот поредок и за обид за уривање на државата“, изјави Геровасили.

Грчките власти веќе се во контакт со турските за случајот. Генерал-штабот на грчката војска преку соопштение најави дека се подготвува итно да го врати турскиот воен хеликоптер „блекхок“ (Blackhawck).

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, побара Грција да ги екстрадира во Турција осумте патници и да го врати назад хеликоптерот.

Турскиот воен хеликоптер со осумчлен екипаж емитувал сигнал дека се наоѓа во опасност и, наводно, побарал дозвола за слетување поради технички проблем на леталото.

По барањето дозвола, хеликоптерот слетал во придружба на два грчки воени хеликоптери „Ф-16“. На аеродромот турските државјани ги дочека силно полициско обезбедување и членови на грчкото Министерство за надворешни работи.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази поддршка за демократски избраната влада во Турција, порачувајќи преку „Твитер“ дека Грција е на страната на демократијата и на уставниот поредок.

Во Грција, доцна синоќа, кога почна пучот во Турција, беа свикани итни седници во министерството за цивилна заштита и во министерството за одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...