fbpx

Нова грчка финансиска драма

-

Историјата се повторува во Грција. Преговорите на грчката влада со тројката удрија во ѕид. Европската Унија го откажа состанок на еврогрупата, кој требаше да се случи в четврток, за одобрување на грчкиот пакет мерки, а премиерот Алексис Ципрас побара итно свикување на самит на ЕУ. Целосно повторување на ланското сценарио пред да се распише референдум во државата. Сценарио кое доведува до домашни и до странски шпекулации дека Ципрас повторно се наоѓа пред дилемата банкрот, предвремени избори или нов референдум.

Причината за оваа нова грчка драма е барањето на ММФ, покрај пакетот од 5,4 милијарди евра во кои се вклучени мерки за намалување на пензиите и даночни реформи, грчката влада да изгласа и нов дополнителен пакет мерки од 3,6 милијарди евра, кои ќе се применат во случај државата да не ги исполни договорените цели. Грција предложила своја идеја, односно наместо овие мерки да се воспостави механизам со кој ќе се прекине исплаќањето на европскиот кредит доколку не се исполнуваат целите и мерките, но, според тројката, предлогот бил недоволно јасен, конкретен и разработен, поради што и бил одбиен. Инсистирањето на тројката да се прифати овој пакет доведе до грчко прекинување на преговорите со објаснување дека Грција лани постигна договор со кредиторите во кој јасно е истакнато дека нема да се прифатат и да се усвојуваат нови вонредни мерки.

Според најавите во Грција, Ципрас денеска ќе разговара со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, и ќе побара вонредно свикување на европски самит околу проблемите во преговорите со тројката. Ципрас ќе да побара ЕУ да си стои на јулскиот договорот од лани и ќе посочи дека проблемот во преговорите е поради ненадејните барања на ММФ, а не во Грција која е подготвена да се усвојат договорените мерки за пензиските и за даночните реформи.

Грчкиот премиер се очекува да објасни дека овие нови мерки нема да добијат поддршка од владиното мнозинство во параламентот, со што индиректно ќе посочи дека доколку се инсистира на пакетот, Грција одново ја очекуваат сериозни политички перипетии. Под знак прашалник е каков ќе биде европскиот одговор на ова грчко барање.

Одложувањето на состанокот на еврогрупата за Грција значи и одложување на датумот кога би се исплатиле нови пари од грчкиот кредит, нешто за што не ѝ е сеедно на државата во момент кога грчката државна каса е веќе празна, нешто што се гледа од барањето на владата различни институции, како болниците и парламентот, да ги префрлат своите резерви во грчката Народна банка.

По новиот неуспех во преговорите со кредиторите, во Грција сè почести се шпекулациите за повторно распишување предвремени избори доколку Ципрас биде притиснат до ѕид и во неможност да ги убеди соработниците или опозициските партии да го поддржат овој пакет или, пак, да се одлучи на нов референдум за да изврши притисок врз меѓународните кредитори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...