fbpx

Во Атина одбележана 25-годишнината од македонската независност

-

На свечен прием во Атина во организација на македонската канцеларија за врски, вчера се одбележа 25-годишнината од македонската независност. Со присуство на бројни странски гости, амбасадори, грчки политичари, претставници на грчкото министерство за надворешни работи и на кабинетот на премиетот Алексис Ципрас, а со дегустација на македонски вина и пива, паралелно се одбележаа и 21 година воспоставување дипломатски односи меѓу Македонија и Грција.

Во своето обраќање пред странските и грчки гости, македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, истакна дека Македонија и Грција се на правилен пат за подобрување на билатералните односи преку интензивирана комуникација и разговорите за мерките за градење доверба. Ангелов говореше зa бројните заеднички точки, додавајќи дека и политичарите и граѓаните треба да се фокусираат на работите кои нè зближуваат како сличната култура и менталитет, заедничките економски и стратешки интереси.

– Интензитетот на комуникацијата, а би рекол и квалитетот, навистина се зголемени и подобрени во овој двегодишен период. Мислам дека е преурането да очекуваме конкретни политички исходи од тоа, во смисла на прашањето што нè оптоварува, односно ја оптоварува Грција во врска со нас. Но, во делот на практичната оперативна соработка, мислам дека стигнуваме во оној период кога многу наскоро ќе можеме да ви претставиме и конкретни ефекти резултати од таа комуникација – посочува Ангелов.

Според него, разговорите за мерките за градење доверба се обид да се надомести за 20-годишното отсуството на соработка и комуникација меѓу двете држави поради спорот за името. Оценува дека е надминат ставот дека мора да се почека на решавање на спорот за името за да има поголема соработка. Според него, двете страни се свесни дека преговорите за името може да се одвиваат паралелно со процесот на заедничка соработка во повеќе области.

– Сега постои свест од двете страни дека тоа се две теми или области кои може да одат паралелно или, ако постои  можност, едната да оди и побрзо или да се дефинира и олесни ресорната соработка во повеќе области од енергетика до образование, култура, транспорт и во тој дел имавме фокус на комуникација во последниве неколку месеци, веќе четири состаноци на министерско ниво за надворешни работи, а проширено во формат и со други министерства каде што очекуваме да имаме конкретизирање односно официјализирање на тоа што е договорено – додава Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...