fbpx

Ладнокрвно убиство во центарот на Атина

-

Ладнокрвно убиство утринава ги потресе жителите на Атина. Во бунтовната населба Ексархија, која важи и за кварт на грчките анархисти, нешто пред пладне беше застрелан 35-годишен Сириец, во дел од градот каде има многу кафулиња.

Двајца маскирани напаѓачи на мотор го следеле Сириецот и додека се движеле, четири-пет пати стрелале во него пред бројни очевидци, а потоа избегале. Сириецот, со прострелна рана во главата, и им подлегна на повредите откако беше пренесен во една од болниците во Атина.

Според информациите на грчката полиција, се претпоставува дека се работи за случај на расчистување на сметки меѓу дилери на дрога. Убиениот човек, наводно, ѝ бил познат на полицијата како дилер на дрога во Ексархија.

Жителите на квартот подолго време имаат проблеми со дилерите на дрога и со нивните судири. Иако полицијата се наоѓа на влезот на квартот, сепак нема ефективно справување со овој проблем, кој им е јавно познат на жителите на Атина. Од главниот плоштад во квартот, дилерите се релоцирани само во помали улички, а судирите и расчистувањето сметки меѓу нив доведуваат до сè почести инциденти во населбата во центарот на Атина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...