fbpx
Таг: апсење

таг: апсење

Во Турција издадени налози за апсење на 360 лица од редовите на војската

Турското обвинителство издало налози за апсење на 360 лица, повеќето војници, во рамки на операцијата против приврзаниците на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен. Во операцијата, која е фокусирана на Истанбул, се уапсени 333 војници, меѓу кои 216 лица на активна должност. Истанбулската полиција продолжува со операцијата на апсење осомничени, а приватната турска новинска агенција „Доган“ наведува дека меѓу уапсените има и седум пилоти. Операцијата...

Заев и Груевски на итна средба кај Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ноќеска во својот кабинетн одржа итна средба со премиерот Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тема на разговор, како што соопштија од кабинетот на претседателот, биле актуелните случувања и можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата. „Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките...

Иванов: Мора да има одговорност за 27 април, но и да се почитуваат човековите права

Претседателот Ѓорге Иванов во вечерашното обраќање порача дека мора да има одговорност за насилните настани од 27 април годинава, но дека при тоа мора да се почитуваат човековите права и презумцијата на невиност. Иванов повтори дека како и претходно, и сега ја поддржува иницијативата „За заедничка Македонија“, која, како што рече, е „сочинета од граѓани кои се сплотиле зад идејата...

Да не се потпалуваат страстите и да се почитуваат институциите, порача Груби

Tреба да се даде простор на целиот процес за да излезе вистината на виделина, да веруваме, секако, со почит кон сите институции, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби, во врска со денешното приведување на 36 лица, меѓу кои и пратеници, за насилствата во Собранието од 27 април годинава. Прашан дали смее да се апсат пратеници, Груби рече дека за тоа...

Груевски: Ова е посипување зла крв, ќе водиме битка за правдината

„Заев и СДСМ брутално удираат кон тие што мислат и дејствуваат македонски. Ова е последниот чин на пресметка со слободномислечкиот Македонец и со граѓаните кои се одважија да кажат став против тиранската платформа и насилството на власта и против секој што мисли македонски“, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конфренција во седиштето на партијата. - Во прашање е државата. Ова не...

ВМРО-ДПМНЕ повикува на протест против приведувањата, во 13.30 часот пред Кривичен суд

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани што не се согласуваат со, како што велат од партијата, „антидржавната политика на владејачката хунта“, да излезат на протест пред Основниот суд Скопје во 13.30 часот. „ВМРО-ДПМНЕ денеска е на удар на антидржавната хунта на Зоран Заев. Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на извршниот комитет,...

Нов бран апсења во Турција

Турските власти издале налог за апсење на 216 лица, вклучувајќи и поранешни вработени во Министерството за финансии, поради сомневање дека се поврзани со неуспешниот обид за пуч. Досега се уапсени 17 поранешни вработени во Министерството за финансии, додека властите трагаат по уште 65 лица за наводни врски со мрежата на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен. Во одвоени акции, властите извеле операции во...

Уапсени три лица поврзани со нападот на „Шарли ебдо“

Француската полиција уапсила три лица кои се поврзани со нападот на редакцијата на магазинот „Шарли ебдо“, што се случи во јануари 2015 година. Како што јавуваат француските медиуми, уапсени се двајца мажи и една жена. Досега се поднесени кривични пријави против 14 лица поврзани со овој напад, а 13 се наоѓаат во притвор, каде го чекаат судењето. Во нападот на „Шарли ебдо“ загинаа...

Уапсени 60 припадници на безбедносните служби во Турција

Турските власти уапсиле 60 поранешни припадници на безбедносните служби, осомничени за поврзаност со неуспешниот воен удар. Властите издале налог за апсење на 100 поранешни припадници на безбедносните служби во акција, чиј фокус била Анкара, но е спроведена и во други 30 провинции. Се верува дека осомничените се поврзани со турскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за неуспешен воен удар во...

Во Турција уапсени 100 осомничени припадници на ИД

Припадници на турската полиција уапсиле околу 100 лица, за кои се смета дека се поврзани со милитантната организација Исламска држава, јавуваат турските медиуми. Полицијата во Истанбул извршила симултани операции во неколку окрузи, при што се уапсени 82 лица со странско државјанство. Истовремено, од исто причини во јужната провинција Адена се приведени 11 сириски државјани. Во Анкара вчера беа уапсени повеќе од 170...

Масовно апсење на приврзаници на ИД во Турција

Турските власти рано утринава уапсиле повеќе од 100 наводни припадници на Исламска држава во голема операција во близина на Анкара, јавуваат турските медиуми. Издадени се налози за апсење на вкупно 245 лице осомничени за поврзаност со ИД, уапсени се 101 лице, а за останатите се уште се трага. Во акцијата учествуваат 1.500 полицајци, кои извршиле претрес на 250 локации ширум Анкара...

Во Грција уапсен возач на комби кој пренесувал 50 бегалци

Грчката полиција соопшти дека синоќа уапсила возач на комби кој се обидел илегално во земјата да воведе 50 бегалци од Блискиот Исток. Полицијата навела дека го забележала комбито на автопат во близина на грчко-турската граница. Возилото е запрено по полициска потера. Во комбито се пронајдени бегалци 50 лица: 30 од Сирија, 19 од Ирак и едно лице од Авганистан. Полицијата соопшти дека бегалците...

Шпанското обвинителство бара од судот да издаде европски налог за апсење на Пучдемон

Шпанското обвинителство денеска побарало од судот да издаде европски налог за апсење на разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, и на уште четворица членови на неговата влада, откако не се појавија на сослушувањето во Мадрид, јавуваат светските медиуми. Судот сè уште не донел одлука по барањето на обвинителството. Пучдемон и 14 членови на каталонската влада беа разрешение на 27 октомври, откако еднострано...

Во Турција уапсени 283 лица, осомничени дека се членови на ИД

Турската полиција уапсила 283 лица, кои се осомничени дека се членови на Исламска држава, соопштија денеска турските власти. Апсењата, како што се наведува, се извршени во последните 10 дена, во 25 турски провинции. За време на акцијата, полицијата запленила 66 импровизирани експлозивни направи. Меѓу уапсените, 96 се државјани на Турција, додека 187 се страници, но не се прецизира чии државјани се. Исламска држава...

ВМРО-ДПМНЕ: Генералот Сокол Митревски не е криминалец, тој беше на браникот на државата

СДСМ со апсењето на Сокол Митревски во 4 часот уринава врши тортура врз политичките неистомисленици и продолжува со политичките хајки врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конфренција Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ. - Генералот Сокол Митревски, кој беше досегашен градоначалник на Општина Ѓорче Петров, ниту е криминалец, ниту сторил нешто за полицијата да се изживува со него и со неговото семејство...

Приведен е Сокол Митревски, поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров

Поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, е приведен утрово, потврдија за „Мета“ извори од истрагата. Митревски, според неофицијални информации, е приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата, во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање земјиште под концесија. Заедно со Митревски уапсени се уште пет лица вработени во Општината. Митревски се очекува да биде...

Спречен терористички напад во Германија

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мајзире, соопшти дека спречиле голем терористички напад апсејќи 19-годишен Сириец. - Денеска германските служби за безбедност успешно спречиле голем терористички напад во Германија. Операцијата е изведена во вистински момент, навреме и за да се обезбедат доволно докази и за да се спречи каква било опасност – рече де Мајзире. Уапсениот Јамен А., кој себеси се...

Масовно апсење на поранешни вработени во турското МНР

Турската полиција почна операција за апсење на повеќе од 120 поранешни вработени во турското Министерство за надворешни работи. Сите тие се товарат дека наводно се поврзани со Фетулах Ѓулен, имамот кој живее во егзил во Пенсилванија, САД, а кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар. Турските медиуми наведуваат дека поранешните вработени во турското Министерство за надворешни работи...

Во Пакистан издаден налог за апсење на поранешниот премиер

Пакистанскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот премиер Наваз Шариф, под сомневање дека учествувал во два случаи на корупција. - Судот денеска издаде налог за апсење на поранешниот премиер за два случаи на корупција и ја одложи расправата за 3 ноември – изјави еден од адвокатите на поранешниот премиер, Зафир Хан. Шариф во моментов се наоѓа во Лондон со својата...

Спасовски: Акцијата за откривање на Грујовски и Бошковски беше регионална

Акцијата за лоцирање и апсење на поранешните началници во УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски била „работена регионално“ и во неа биле вклучени повеќе служби, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за емисијата „360“ на „Алсат-М“. - Ова е една акција која што ја работевме регионално, вклучени се повеќе служби и сознанијата кои што ги имавме од...